„Панцир“ добива хиперсонични ракети

Панцир-С1 (во средината се гледа радар за следење цели): два двоцевни противавионски автоматски топа и 12 ракети „земја-воздух“, подготвени за употреба. Фотографија од слободни извори.

Панцир-С1 (во средината се гледа радар за следење цели): два двоцевни противавионски автоматски топа и 12 ракети „земја-воздух“, подготвени за употреба. Фотографија од слободни извори.

Противавионскиот ракетно-топовски систем „Панцир-С1“, што го поседуваат руската армија и армиите на цела низа други земји, набргу ќе биде значително модифициран. Имено, системот до 2017 година ќе добие нова хиперсонична ракета. Во тек е нејзиното тестирање во природни услови. Показните гаѓања се веќе извршени на полигонот „Ашулук“ во Астрахањската област. Ова на новинарите им го соопшти Александар Денисов, директор на „НПО Високопрецизни комплекси“.

Подолг лет, попрецизен погодок 

Нешто порадикална модернизација на ракетно-топовскиот систем од краток дострел сега го носи работниот назив „Панцир-СМ“. Се очекува дека новата верзија на системот ќе добие усовршено ракетно вооружување и дека зоната на уништување на цели ќе му биде значително поголема. 

Руските научници веќе неколку децении работат на хиперсоничните ракети. Практично сите противавионски ракетни системи користат хиперсонични ракети чија максимална брзина е околу 3-4 пати поголема од брзината на звукот. Сега се работи на зголемување на брзината. Таа би требало да биде 5-7 пати поголема од брзината на звукот. 

Новата ракета ќе овозможи да се прошири списокот на цели што може да ги уништи „Панцир-С1“. Како што изјави Јуриј Савенков, првиот заменик извршен директор на „Конструкторското биро за производство на уреди“, се претпоставува дека новиот проектил ќе овозможи зголемување на зоната на уништување од сегашните 20 на цели 35 километри. Според него, модернизираното вооружување ќе може да се монтира и на новите возила, но и на возилата кои се веќе во употреба, а ќе можат да се продаваат и во други земји. Веќе неколку земји од Блискиот Исток (Обединетите Арапски Емирати, Сирија, Ирак) и од Африка (Алжир, Мароко) имаат купено „Панцир-С1“ или имаат потпишано договор за негово купување. Системите „Панцир“ сочинуваат практично половина од извозот на холдингот „НПО Високопрецизни комплекси“, а нивната продажба ќе се прошири и во други земји. На пример, се очекува дека ова лето ќе биде потпишан договор со Бразил. 

Заштита во екстремни услови 

С-400, чуварот на Москва
Борбените посади на Звенигородскиот ракетен противавионски полк, вооружени со ракетни ПВО системи (ЗРС) С-400 „Триумф“, стапија на борбено дежурство во противвоздушната одбрана на Москва по обуката на симулаторите „Тембр-М“. Главната задача на ракетните ПВО полковски единици на Воздушно-космичката одбрана се состои во противвоздушната одбрана на престолнината и на Централната индустриска зона на земјата.

Противавионскиот ракетен систем „Панцир-С1“ од краток и од среден дострел се неразделен дел од вооружувањето на руската противвоздушна одбрана, иако дури во 2008 година е воведен во оперативна употреба. Системот е составен од куполи кои се тешки 12 тони, монтирани на шасија со тркала или со гасеница на која е сместен системот за детектирање цели со радар, како со лансери за наведување ракети 57Е6-Е (комплетот содржи 12 ракети) и двоцевен противавионски автоматски топ со калибар од 30 милиметри. Задачата на овие системи е да заштити помали објекти од напад од воздух, меѓу другото и заштита со противавионските системи С-300 и С-400. Овие противвоздушни системи со голем дострел имаат два лансери со четири ракети и претставуваат лесна мета за авионите и за крстосувачките ракети во моментот кога ја менуваат позицијата или кога заземаат положба за гаѓање. Поради тоа во сите борбени задачи „Панцир“ го следат дивизиони на С-300 или С-400 со цел во случај на опасност да ги гаѓаат воздушните и земските цели, штитејќи ги противавионските ракетни системи. „Панцир“ е наменет за дневни и за ноќни борбени дејствија во сите временски услови и во секое годишно време.

Директорот на „НПО Високопрецизни комплекси“ ја илустрираше сигурноста на „Панцир“ и можноста за негова промена во сите временски услови со зборовите дека „единица од неколку борбени возила со противавионски ракетно-топовски системи 'Панцир-С' е веќе предадена на војската за тестирање во екстремни услови на северот од земјата“. Тој рече дека со формирањето и со развојот на инфраструктурата на воениот гарнизон може да се зголеми и контингентот средства за противвоздушна одбрана, зашто борбата за Арктикот во последниве години доби военополитички призвук. 

Сериското производство почнува во 2017 година 

„Панцир“ е младо оружје, но сепак постојано се модернизира. Покрај хиперсоничните ракети, модернизацијата на моделот „Панцир-СМ“ во споредба со претходниот модел „Панцир-С1“ се состои во тоа што новиот модел ќе може да уништува средства што напаѓаат од воздух со брзина од неколку илјади метри во секунда. Максималната можност на сегашниот систем е 1.000 метри во секунда. „Најважна разлика кај новиот модел во однос на постоечкиот ќе биде можноста на гаѓање балистички цели“, изјавува Денисов. Директорот на холдингот прецизираше дека новата „ракета ќе биде користена поефикасно кога ќе биде создадена нова радарска станица, а исто така и станица за детектирање цели и некои други системи, кои според своите карактеристики ќе бидат подобри од сегашните“. „Тогаш тие во системот ќе функционираат, како што се вели, со полн капацитет“, нагласи тој. 

„Панцир-СМ“ засега постои само виртуелно, во форма на 3Д модел, но конструкторите со оптимизам ги прогнозираат временските рамки во кои ова оружје ќе стане дел од арсеналот на руската армија. Според изјавата што Денисов ја даде на меѓународната изложба на копнено вооружување „Еуросатори-2014“, армијата може да ги очекува најновите противавионски ракетно-топовски системи веќе на почетокот од 2017 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња