Русија и Македонија

„Руска реч на македонски“ ќе се обиде на македонските читатели да им ги претстави погледите на најдобрите руски политички аналитичари поврзани со сите аспекти на меѓународната политика на Русија кои непосредно се однесуваат на Македонија, како и за сите занимливи и важни прашања кои се директно поврзани со руско-македонските односи.

 

Македонија и Русија се поврзани на многу начини - најмногу преку религијата и сродните јазици. Во текот на последнава деценија се зацврстија политичките, деловните и културните контакти меѓу нашите земји. Граѓаните на Русија доаѓаат почесто во Република Македонија, а македонските граѓани, пак, во сè поголем број доаѓаат да живеат и да работат во Русија. Почнавме да комуницираме едни со други на човечко ниво.

+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.