Палмира „пред и потоа“: Што направија терористите?

14 февруари 2017 Николај Литовкин
Руската армија на Интернет постави нова видеоснимка на која можат да се видат ѕверствата на терористите од ИДИЛ во Палмира.

Единиците на сирискиот претседател Башар ал Асад со поддршка на руската авијација тргнуваат во правец на Палмира.

Во овој момент регуларната армија се наоѓа на 20 километри од градот и подготвува нова серија борби за едно од клучните подрачја во Сирија.

Руските разузнавачи ги снимиле новите ѕверства на терористите од ИДИЛ во историскиот дел на Палмира.

На снимките што ги објави Министерството за одбрана на Русија јасно се гледа дека терористите го кренале во воздух просцениумот (централен дел на древен римски театар) и столбовите на тетрапилонот (правоаголно здание подигнато во 270 година од нашата ера).

Како што соопштуваат претставници од рускиот воен ресор, во историскиот дел од Палмира пристигнуваат колони товарни возила на терористите. Според податоците на Министерството за одбрана на РФ, терористите носат експлозив и ги минираат спомениците на архитектурата за да ги задржат регуларните единици за време на евентуалното повлекување.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.