До што ќе доведе конфликтот помеѓу Русија и Белорусија?

11 февруари 2017 Дмитриј Поликанов
Односите меѓу Русија и Белорусија редовно доживуваат многу емоционални кризи. Најчесто тие се поврзани со економската состојба во самата Белорусија (кредити, приватизација, цени на гасот) и со обидите на нејзиниот лидер да излезе од создадената ситуација за сметка на подигнувањето на степенот на дијалогот, и да се претстави како жртва. Обично тоа беше премногу успешна тактика која водеше до одредени отстапки од страна на Москва. Што се променило овој пат?
What will cause the conflict between Russia and Belarus
Извор: Алексеј Иорш

Погранични зони

Изгледаше дека ништо страшно не се беше случило. Русија воведе режим на пограничните зони, аналогно на режимот, кој самиот Минск го активираше уште во есента 2014 година. При тоа, ако се суди според објаснување на федералната служба за безбедност (ФСБ), не се планира да се прават никакви пунктови или да се проверуваат на границата автомобили, луѓе и така натаму. Станува збор повеќе за зајакнување на будноста во пограничните региони.

Русија воспостави погранична зона на границата со Белорусија.

Официјалното објаснување е контрола над илегалната употреба на дрога, шверцот и преминот на несакани лица. Вистината е дека Белорусија воведува 5-дневен безвизен режим не само за имашните државјани од ЕУ и САД, но и за многу повеќе „мигрантски“ земји од типот на Виетнам, Хаити, Гамбија, Индија, Кина и слично. Се разбира, постојат многу сериозни услови овие луѓе да се добијат повеќекратна Шенген-виза или виза од една од земјите од ЕУ со печат за влез на нејзината територија и авионски билети за враќање. Сепак, тоа создава мала ранливост за влегувањето на илегалните мигранти.

Далеку поголема загриженоста кај вооружените структури, судејќи според експертските проценки, предизвикува можноста на руска територија да навлезат борци на забранетата во земјата ИДИЛ, вклучително и од европските земји, кадешто активно се регрутирани. Како што се вели, тука работите стојат така - на војна како на војна - и овој дел од заканата тешко може да бидe погрешно проценет.

Лукашенко ја обвинува Русија за прекршување на меѓународните договори.

И конечно, вистинската причина за создавањето на погранични зони може воопшто да не е Белорусија. Станува збор не само за потенцијални украински диверзанти, кои беа фатени во повеќе наврати. Сегашното заострување на ситуацијата во Донбас е предизвикано само од стремежот на украинските политичари кои го губат тлото под нозете и поддршката во странство, да го задржат исклучителниот статус и помошта. А, тоа значи дека може да се очекува понатамошна ескалација и прилив на бегалци. И за оваа ситуација е подобро да се подготвиме однапред. Веројатно токму тоа е причината за активностите на Москва.

Потезите на Лукашенко

Вториот фактор, кој би можел да предизвика слична реакција на Кремљ, се односите внатре во Евроазиската унија. Не е многу јасно дали Александар Лукашенко ја договорил или не оваа одлука со партнерите од интеграциската алијанса.

Лукашенко: Нашата братска Украина војува за независност.

Ова не е прв демарш на Минск во однос на сојузните структури. Човек може скромно да размисли за посебната позиција на Белорусија во организацијата на Договорот за колективна безбедност и искрената неподготвеност да обезбеди војници во случај на криза. Може да не се забележи демонстративното одбивање на Лукашенко да биде поставена авиобаза во Белорусија, не дека таа беше многу потребна, но по сите договори да се тресне вратата не е многу убаво според политичките норми. Ова го става сојузникот во непријатна позиција. Неодамнешното одбивање на Лукашенко да го посети Санкт Петербург, за да бидат потпишани документи на ЕвразЕС, беше директен предизвик за структурата, што предизвика збунетост меѓу државните лидери на другите земји.

Политички ветроказ

Најпосле доаѓа третиот фактор - промената на односите помеѓу Русија и Европа. Претходно на обидите на белорускиот лидер за „многувекторност“ се гледаше низ прсти. За сите е очигледно дека Лукашенко стана главниот корисник и од руските контрасанкции, и од „Минскиот формат“ за Украина. Само што во сегашните услови, кога на позадината на подобрување на односите со САД видливо се влошуваат односите на Москва со европските метрополи, ваков „политички ветроказ“ може да биде опасен. Уште повеќе што во Европа не прва година се појавуваат коментари за тоа како Белорусија требало да биде одвоена од Русија и така да ѝ се помогне да ја повтори судбината на Украина. Се разбира, постојат и други политичари, според кои Русија и Европа треба заедно да ѝ помагаат на Белорусија при преминот кога Лукашенко сепак ќе замине од функцијата. Засега нивните гласови не се слушаат толку добро.

Најверојатно за Минск конфликтот, како и обично, ќе заврши добро. Лукашенко мора да сфати дека светот се променил. А, овие политички пируети, кои беа добри за почетокот на новиот век, денес веќе предизвикуваат се поголема иритација. Се разбира, Русија нема да се откаже од сојузот со Белорусија, но важно предупредување, под една или друга форма, ќе биде упатено кон Минск. И тешко дека тоа ќе биде во сферата на обезбедувањето на границите, туку во најболната за белорускиот претседател трговско-економска област.

Авторот е руски политички и општествен деец.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.