Во Анкара нападнат рускиот амбасадор

Во Анкара извршен вооружен напад врз амбасадорот на РФ во Турција Андреј Карлов.
Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов
Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов Извор: PhotoXpress

Во Анкара е извршен вооружен напад врз амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов, соопштува турската телевизија NTV.

Според информациите на телевизијата, Карлов е тешко ранет. Инцидентот се случил на отворање на фотоизложба.

Министерството за надворешни работи на Русија подоцна ја потврди информацијата дека рускиот дипломат е тешко ранет. Во моментов на Карлов му се укажува помош на местото на настанот. Од министерството истакнуваат дека руската страна е во контакт со турските институции.

Како што изјави за РИА „Новости“ очевидец на настанот, амбасадорот говорел на отворањето на изложбата, кога зад него се слушнал повик „Алаху акбар!“ и некој почнал да стрела.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.