gymnastic-girls1 tajikistan_women stars1 Old styled family Moscow Red square altai people Prokudin Gorsky now and than Baikal eco 2 sovok_logo1
Грациозноста на младите руски ритмички гимнастичарки Ѕвезденото небо над Русија

Тешкиот живот на жените во Таџикистан

На овие фотографии е претставен животот на жените во Таџикистан, една од најсиромашните земји во Централна Азија. Најмалку 1.5 милиони Таџикистанци живеат и работат во Русија. Тоа го прават за да ги нахранат своите семејства зашто во нивната земја владее голема невработеност. Во поголем број од случаите станува збор за момчиња кои работат тешка и опасна работа со која Русите не сакаат да се занимаваат. Ова е и причината зошто Таџикистан стана „земја на жените“. Тие се грижат за сè – за куќата, за децата и за старите родители, и ги решаваат секојдневните проблеми. Намерата на авторот на овие дела е да прикаже како тие живеат без мажите.
Од Екатерина Савина
tajikistan_women
Оди надолу за повеќе

Екатерина Савина

Да се биде жена // Адила има маж и три сина, но ги нема видено две години. Сите четворица работат во градот Омск и не можат да се вратат дома зашто работодавачот им ги одзел пасошите и не сака да им ги врати.
tajikistan_women2

Екатерина Савина

Да се чека // Фаришта го нема видено својот сопруг речиси една година. Само три недели по нивната венчавка тој заминал во Русија да работи.
tajikistan_women3

Екатерина Савина

Да се биде силна // Анзурат живее во село оддалечено осум километри од патот. Сиот мебел морала самата да го пренесе до домот.
tajikistan_women4

Екатерина Савина

Да се надеваш // Гулнамо и нејзиниот сопруг штедат за нова куќа. Тој работи во Русија 8 месеци годишно, така што за тоа време Гулнамо самата води грижа за куќата и за семејството. Се надеваат дека изградбата ќе започне за две години.
tajikistan_women5

Екатерина Савина

Да се биде послушна // Сунам не сака на фотографијата да ѝ се гледа лицето, зашто се плаши дека нејзиниот сопруг во Русија може да види дека таа позира на странец.
tajikistan_women6

Екатерина Савина

Да се издржи // Ашона живее со родителите на својот сопруг, а тие се мошне груби кон неа. Има многу обврски во училиштето за медицински сестри, а истовремено мора да ги извршува и сите домашни работи. Се надева дека ќе замине кај својот сопруг во Русија.
tajikistan_women7

Екатерина Савина

Да се обезбеди греење // Бајзо живее во планинското село Кара Арт, близу пустината на Памира, каде температурата понекогаш се спушта дури и до -50 степени Целзиусови.
tajikistan_women8

Екатерина Савина

Да се остане млада // 68-годишната Шукрона се грижи за четири мали внуци. Кога најмалото наполнило седум месеци, неговите родители заминале на привремена работа во Русија.
tajikistan_women9

Екатерина Савина

Да се верува во љубовта // Само една од четирите ќерки на Саера е омажена. Сите момчиња од селото заминале да работат во Русија.
tajikistan_women10

Екатерина Савина

Да се исполни должноста // Бахор се вратила дома по шест години работа во Москва за да се грижи за старите родители.
tajikistan_women11

Екатерина Савина

Да се мечтае // Шахноза оди во училиште каде нема ниту еден наставник по странски јазик. Самата од книги учи руски, англиски и персиски. Мечтае да стане новинарка.
tajikistan_women12

Екатерина Савина

Да се живее без оглед на сè // Малата Дулхуз ја одгледуваат нејзините баба и дедо. Никогаш не ги видела мајка си и татка си.

Прочитај повеќе

+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.