Рускиот свет на патот кон консолидацијата

Сергеј Лавров.

Сергеј Лавров.

Дмитриј Дивин
На петти ноември во Москва ќе се отвори петтиот Светски конгрес на руските сонародници кои живеат во странство, а кој треба да стане важна етапа во понатамошното сплотување на рускиот свет.

Руската заедница во странство брои околу 30 милиони луѓе и влегува во четворката најголеми дијаспори во светот. Нејзиното формирање започнало кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век и се одвивало во бранови, кои биле поврзани со настаните од историјата на земјата.

Најважен дел од нејзиното функционирање на современата етапа е првиот Светски конгрес на сонародници што се одржа во 2001 година. Тогаш сè уште беа свежи сеќавањата за распадот на Советскиот Сојуз, како резултат на што надвор од границите на татковината се најдоа повеќе од 25 милиони сонародници. Да се најде свое место во новите услови, да се сочува етнокултурниот идентитет, да се продолжат врските со историската таткови – овие задачи беа од огромно значење за поголем дел од сонародниците. Раководството на земјата се одѕва на нивните повици.

Давање светска поддршка на рускиот свет е безусловен надворешнополитички приоритет на Русија, што е утврдено и во Концептот за надворешна политика на Руската Федерација. Како што во повеќе наврати потврдуваше претседателот Владимир Путин, ние во иднина енергично ќе ги браниме правата на сонародниците, користејќи го за тоа сиот арсенал постоечки средства што се предвидени со меѓународното право.

Рускиот свет е важен ресурс за зацврстување на атмосферата на доверба и на заемно разбирање во односите помеѓу Русија и земјите во кои живеат нашите сонародници. Ние продолжуваме да им објаснуваме на партнерите дека постоењето на руска дијаспора во нивните држави претставува важен фактор во зголемувањето на билатерални односи од заемен интерес во различни сфери.

МНР на Русија дава сестрана поддршка на Фондот за поддршка и заштита на правата на сонародниците што живеат во странство кој беше создаден во јануари 2013 година, а кој се претстави како нужен механизам во заштитата на нивните законски интереси, во неутрализацијата на обидите за нивна дискриминација, особено во балтичките земји. Фондот има голем удел во спротивставувањето на ревизијата на резултатите од Втората светска војна, во хероизацијата на нацистите и на нивните поддржувачи, при секоја форма и при секоја пројава на ксенофобија, на агресивен национализам и шовинизам.

Празнувањето на 70-годишнината од Големата победа за руската дијаспора стана силен фактор за обединување. Ние сме искрено благодарни за нивниот придонес во организацијата на јубилејот, за тоа што тие не забораваат за херојските страници од нашата историја, за тоа што се единствени во потребата за одбрана на вистината за настаните од тие години.

За резултатите од акциите што ги презедовме сведочи и реализацијата на Државната програма за помош при доброволното преселување на сонародниците што живеат во странство во Руската Федерација. Во рамките на оваа програма во Русија се вратија 367 илјади луѓе. Силно влијание врз овој процес има и развојот на ситуацијата во Украина: само поради отпочнувањето на војната во Донбас од страна на Киев во нашата земја дојдоа 1.2 милиони Украинци. Вкупниот број на украински државјани изнесува половина од бројот на сонародниците кои се преселија во Русија.

Ние немаме намера да запреме тука. Пред нас е голема работа за која ќе зборуваме за време на претстојниот Конгрес. Уверен сум дека со заеднички сили ние успешно ќе ги решиме задачите што стојат пред нас во интерес на понатамошното откривање на колосалниот потенцијал на рускиот свет.

Авторот е министер за надворешни работи на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња