Наталија Поклонскаја. Извор: ТАСС
За мајдан
Земјата едноставно ја окупираа, ја зазедоа фашистите, поинаку не знам како да ги окарактеризирам овие настани. И да им служи на фашистите кои ги убиваа нашите ветерани, нашите херои, нашите војниците, оние од фронтот, кои предавнички се однесуваа кон сите наши херои, еден офицер не само што нема право, ами и обичен човек нема морално право да го стори тоа.
Сето тоа се случуваше под мојот прозорец, јас сето тоа го видов. Како едноставно луди луѓе удираа во своите барабани, удираа со штитови по земјата, ги палеа тие зли огнови. Тие ѓаволи станаа од пепелта и почнаа да ги танцуваат своите диви танци. Поинаку не знам како да кажам.
Тогашните соработници на јавното обвинителство, кои се задолжени за почитувањето на законот, во мислите го чекаа тој момент на симнување на власта. Тие беа изгубени од мислата дека Европа ќе им помогне. Независна Украина, Европска Унија – ете како се веселиме, многу убаво живееме!
За заминувањето во Крим
Ни беше претставен новиот вршител на должноста обвинител – Махницки. Тој имаше работено во некоја адвокатска канцеларија или беше началник на адвокатска канцеларија кај Тјагинбок. Тоа е партијата „Слобода“ – националистичка партија со фашистичка девиза. <...> Веќе бев донела одлука дека ќе дадам оставка. Таму не сакав да работам. Ми беше одвратно, ми беше срам!
Заминав од Киев, се вратив на село кај родителите, во Крим морав да започнувам одново. Моите роднини на шега ми велеа: ќе работиш на село, ќе одгледуваш кокошки <...> Подобро така, одошто таму. Кога дојдов во Крим <...> отидов кај Сергеј Валеревич Аксјонов и му велам: „Ако треба ќе печатам гласачки ливчиња, ама дајте ми да помогнам, за да се одржи референдумот, за да не дојдат тука фашистите во Крим“.<...> Ми понуди да застанам на чело на јавното обвинителство. <...> Тогаш дури и не мислев дека ќе бидам јавен обвинител на републиката.
Многу беше болно... <...> Кога си 100-процентно уверен во тоа дека имаш право, а твоите пријатели ти велат: „Молчи, знаеме дека имаш право, но молчи. Не зборувај ништо, ајде да почекаме“.
Не треба да се молчи. Тоа е злосторство. <...> Многумина добија добри работни места на крајот и добро им беше. Не знам како им е сега. Можеби совеста навечер ги гризе.
За референдумот
Има ли народот право на самоопределување? Секако дека има, тоа е напишано црно на бело, и во повелбата на ОН, меѓу другото, и тоа како прво. Кој може да го лиши народот од тоа право? Никој. Значи ние треба на народот да му го обезбедиме правото за самоопределување.
Чекавме кога ќе биде потпишан тој договор, се надевавме на него. Со широко отворени очи гледавме телевизија: ве молиме, целата надеж ни е во вас. Потпишете го договорот, земете нѐ под свои закрила.
За санкциите
Дури и сум среќна што сум во списокот на санкции. Тоа значи дека ја гледаат мојата активна позиција. Не знам што можат да направат. Некако не се ни заинтересирав, зашто немам намера да одам во странство, тоа не ми е потребно. Тука имам многу работа, а има огромен број прекрасни места за одмор. Нека дојдат тие кај нас.
За заканите
Моите пријатели од Киев ми се јавуваа и ми велеа: „Наташа, да не си се мрднала, против тебе покренуваме кривично дело, разбираш ли? Раководството ни каже дека доколку веднаш се откажеш од својата идеја и доколку заминеш од кримското обвинителство, тие тоа ќе го сметаат како доброволно откажување од злосторството и ќе те помилуваат. Сфаќаш ли дека ќе одиш во затвор?“ Подобро ќе одам во затвор, одошто со вас на нацистите да им служам.
Не само пред референдумот, туку и потоа <...> секакви глупости пишуваат на Интернет, некакви закани, но сето тоа е од безизлезност. Секогаш имало и ќе има непријатели. Јас за нив имам само една желба: поарно нека одат в црква, нека запалат свеќа за Бог да ги вразуми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче