Личи ли Приднестровје на Донбас?

Извор:ТАСС

Извор:ТАСС

Тираспољ многу личи на донбаските градови пред „антитерористичката операција“. Тука има советски згради на девет ката, кои се наоѓаат покрај предвоените градби, како и приватни куќи и индустриски зони. И како и порано во супермаркетите во Донбас, и во Приднестровје поголемиот дел од производите на рафтовите се од украинско производство.

Сличноста на Приднестровје и Донбас не се само надворешни. Во Молдавија порано, на крајот од последната деценија на минатиот век, исто така сè започна со проблесоци на националното сознание, со митинзи на дојдени аграрци во градовите и со објавување на западниот курс. И она што е најважно – со државен закон за јазикот, за единствен јазик за сите – молдавскиот.

Прозорец кон иднината 

За она што се случуваше потоа е познато повеќе, одошто за заднината на трагичните настани, и за тоа борбеното возило на пешадијата под црвено-зеленото знаме на постаментот во Бендери. Тука, како на ниту едно друго место може да се види иднината на Донбас. 

„Ние на почетокот си мислевме: 'Ура, ја имаме речиси половината од молдавската индустрија. Убаво ќе живееме'. А, потоа кога се судривме со реалноста видовме дека не е сè толку едноставно. И сега не е едноставно, сфаќате. Живееме не благодарение, туку и покрај тоа што. И покрај Молдавија, ЕУ, Украина. Понекогаш и покрај Русија. Да го земеме само ембаргото на молдавските прехранбени производи и на виното. Тоа претставува чисто правна мерка“.

Иљја Миљман е декан на правниот факултет на Приднестровскиот државен универзитет „Тарас Шевченко“, кој порано беше пратеник на Врховниот совет на ПМР и прв човек на републичкиот Арбитражен суд. Порано тој заедно со уште десетина други стоеше на изворот на приднестровската независност. 

Приднестровје: „дел од рускиот свет“?
На 2 септември во непризнаената Приднестровска Молдавска Република (ПМР) беше одбележана 24-годишнината од државноста. „Руска реч на македонски“ го објавува интервјуто со заменик-министерот за надворешни работи на републиката, Игор Шорников кој раскажа со какви тешкотии се судира ПМР денес и каква помош очекува таа од Русија.

Ние зборувавме за Донбас. „Тие сега треба да ги избегнуваат револуционерните фрази и шпекулациите околу она што се нарекува 'млада република'. Помнам што е тоа револуционерна ситуација, имено во неа се прават најголемиот број грешки. А, правото на грешка се појавува само во стабилна опстановка. Поточно тоа може и да не чини толку многу“. 

Но, она што го очекува Донбас, патот на независност од Киев, може без сомнеж да се каже и сега – тоа е негово непризнавање од страна на меѓународната заедница и, значи, неможност да се воведе независна надворешноекономска дејност. 

Минуси и плусови 

Отсуството на признавање, тоа е, на пример, отсуство на мобилна мрежа во општоприфатен формат ГСМ, а тоа значи враќање кон преговорите. Тоа значи и ограничена употреба на платежните картички – тие постојат, ги издаваат две-три локални банки, но пари од нив можат да се извадат само во Приднестровје. Тоа значи и прекумерно плаќање за целиот увоз – од бензин до микробранови печки, а исто така и неможност за извоз, со оглед на „двојната царина“ за Приднестровје како окови. Тираспољ е принуден да ги „потхранува“ со царина Кишинев и Киев, за самиот да може да купува и да продава, со оглед на тоа дека поради молдавско-приднестровскиот конфликт правните лица, кои вршат надворешноекономска дејност, мораат да се регистрираат надвор од границите на републиката, а физички да останат на нејзината територија. И друг пат засега не постои нити за Тираспољ, ниту, по сè изгледа, и за Луганск и Донецк. 

Впрочем, нема ни лошо без добро. На пример, надворешната изолација ја зајакнува приднестровската рубља, додека молдавскиот леј и украинската гривна одат во пропаст, банкнотата со портретот на Александар Суворов – основачот на Тираспољ, остануваат со својата одамна неизменета цена – 11 рубли за долар. 

Суптилна изолација 

Изолацијата не значи пораз, а уште помалку граѓаните на ПМР со сигурност не се чувствуваат грешни и несреќни. Тие се спокојни, учтиви и добронамерни. Тие имаат повод за тоа. На пример, средната плата во Украина, според податоците на Статистичката служба на ЕУ, оваа година изнесува 173 евра, во Молдавија 181 евро, а во Приднестровје речиси 270. Овие бројки ги даваат локалните државни статистики – ПМР не влегува во европските рејтинзи. 

Патриотизмот за граѓаните на Приднестровје не е само фраза. Во периодот од дваесет и две години колку што постои републиката, без оглед на промената на политичките поколенија, тие успеаја да го сочуваат и да го одржат духот на интернационализмот, или, ако сакаме да бидеме точни – на антинационализмот и губењето чувство дека тогаш, во почетокот на деведесеттите, сè било направено како што треба, дека Суворов е херој и дека ветераните на Големата татковинска војна се чесни луѓе и дека нивните внуци треба да им бидат благодарни. Затоа билбордите со портрети на приднестровските војници носат натпис „Херој на сите времиња“. И затоа задолжителната воена служба во републиката не се смета за товар, туку за почесен долг. 

„Приднестровскиот идентитет постои. Руското, украинското, молдавското – сето она што е најдобро во секој од етносите кај нас е измешано во рамномерни делови, така што се добива синергија, посебен карактер, кој го нема гревот на национализмот. Не мешајте го тоа со мултикултурализмот. Ова е историска придобивка, и, како што покажува практиката, константа, која не е подложна на ерозија“, вели ректорот на државниот универзитет Вјачеслов Степанов, историчар и етнограф, небаре држи предавање. 

Ректорот не се грижи за идентитетот, него, најверојатно, најмногу го загрижува, колку студенти ќе се вратат на студии по едногодишната служба и колкумина од нив ќе останат во Приднестровје по дипломирањето. Младината од Приднестровје навистина заминува, и тоа во најголем дел во Русија. И многумина од нив ја носат со себе дипломата која имаа историја од осумдесет години, а која е потребна и која добро се котира. 

Добар ден 

Денес во Приднестровје постојано се зборува за Украина, Донбас и за Русија. Русија едноставно ја сакаат, се надеваат на неа и ја чекаат. За Донбас се загрижени, а на Украина ѝ се лутат. 

„Добар ден“, се поздравува со мене мајорот на приднестровската милиција, кој дојде во обична менза, каде комплексниот и вкусен ручек чини околу 80 рубли (1.4 евра). Од кога не сте виделе полициски мајор во менза? Од кога со вас, непознат човек, некој не се поздравил така и продолжил понатаму? 

Постои надеж дека нешто слично кога и да е ќе се поздрави во Донбас. Приднестровските милиционери се исто така родум од самоодбраната. И доколку народниот правобранител го почитува граѓанинот, а тој, пак, правобранителот, значи дека постои држава.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња