Враќање во стил

Тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“, најмоќниот брод на Северната флота на Воената морнарица на РФ. Извор: Press Photo.

Тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“, најмоќниот брод на Северната флота на Воената морнарица на РФ. Извор: Press Photo.

Присуството на војска на арктичките острови се сметаше за суштински важно во советско време, но беше прекинато во деведесеттите години од минатиот век. Министерството за одбрана на РФ започнува реализација на голем проект кој заменик-министерот за одбрана Аркадиј Бахин го означи како „враќање на Арктикот“ – по 20 години руската војска ја обновува својата база на Новосибирските острови.

Русија има намера да ја обнови воената база на Новосибирските острови кои се наоѓаат меѓу двете арктички мориња; Лаптевското и Источносибирското. Ова е важен чекор во развојот на северното руско крајбрежје и во пловниот пат во морската сообраќајница од светско значење со што истовремено ќе се обезбеди сигурност на огромните енергетски ресурси во овој регион.

„Нашата војска ги напушти овие острови во 1993 година, но тие се мошне важна точка во Северниот леден океан. Според тоа, имаме намера да ја обновиме воената база на ова место, да го уредиме аеродромот и да овозможиме заедничка работа на припадниците на Министерството за вонредни состојби (МЧС) на РФ, хидролозите и стручњаците за климатски промени, со цел да обезбедиме поголема сигурност и поефикасно функционирање на Северниот морски пат“, рече Владимир Путин за време на видеоконференцијата со Министерството за одбрана на РФ, истакнувајќи дека на таков начин контролирањето на овој дел од рускиот Арктик ќе биде многу поефикасно.

Неуспешен обид

Тим руски научници и припадници на војската во 2012 година на островот Котељни имаше една неуспешна експедиција. За време на експедицијата хеликоптерот Ка-27 во кој се наоѓаа учесниците, поради технички проблеми за време на слетувањето имаше таканаречено тврдо приземјување. Во оваа незгода, за среќа, никој не настрада, но експедицијата беше запрена.

Тим руски научници и припадници на војската во 2012 година на островот Котељни имаше една неуспешна експедиција. За време на експедицијата хеликоптерот Ка-27 во кој се наоѓаа учесниците, поради технички проблеми за време на слетувањето имаше таканаречено тврдо приземјување. Во оваа незгода, за среќа, никој не настрада, но експедицијата беше запрена.

Посериозно проучувања на Новосибирските острови се започнати во седумдесеттите години на минатиот век, кога на најголемиот остров од архипелагот, Котељни, беше изградена поларна станица. Министерството за геологија на Советскиот Сојуз во тоа време си постави задача на островите да бидат извршени опсежни геолошки и геофизички истражувања. Кампот на експедицијата се наоѓаше во непосредна близина на пистата на аеродромот „Темп“, кој во тоа време можеа да го користат само авиони како што е Ан-2.

До 1973 година на Новосибирските острови беа разместени неколку сеизмолошки станици од кои се следени природните земјотреси во овој регион. Но, на почетокот на деведесеттите години тие беа напуштени, а во исто време од островите замина и војската.

По 20 години на островите пристигна флотила од 10 воени бродови и помошни пловила кои се предводени од тешкиот нуклеарен крстосувач „Петар Велики“, најмоќниот брод во состав на Северната флота. Според податоците на службата за односи со јавност на Северната флота, на островот Котељни со помош на хеликоптер од типот Ка-27 и на специјалните пловила брегот се истовари пешадијата, беа донесени механизација, опрема и модуларни објекти за домување на стручњаците кои треба да работат на обнова на инфраструктурата.

Нуклеарниот Ермитаж тргнува во поход

Главната цел на Министерството за одбрана на РФ е во првата фаза да се уреди пистата на аеродромот „Темп“ кој е изграден уште во Советскиот Сојуз, но кој подолго време не бил користен. Пистата ќе биде посебно проектирана за авионите Ан-72 и Ан-74 кои, според зборовите на официјални воени лица, можат да стасаат на Новосибирските острови веќе кон крајот на овој месец. Во министерството истакнуваат дека воздушниот сообраќај ќе биде редовен за време на целата година без оглед на временските услови. 

Во следната фаза од „враќањето на Арктикот“ предвидена е обнова на инфраструктурата во областа Земја на Франц Јозеф и на Нова Земја. Пред сè станува збор за стратешка авијација и низа истражувачки експедиции за потребите на Министерството за орана на РФ. Во согласност со своите големи очекувања, Русија вложува значајни напори со цел да овозможи експлоатација на енергетските ресурси на Арктикот, а работата поврзана со развојот на морските сообраќајници е составен дел од овој план.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња