Земјотресот во Нефтегорск (1995). Извор: ИТАР-ТАСС.
Повеќе од 20% од територијата на Русија се вбројува во сеизмичките зони, на кои се можни земјотреси кои би го надминале седмиот степен според Рихтер.
Земјотресите се случуваат во планинските предели, на местата каде се спојуваат тектонски платформи – на Кавказот, Алтај, во Источен Сибир и на Далечниот Исток. 5% од територијата на Русија отпаѓа на мошне опасните зони каде се можни земјотреси од 8 до 9 степени. Најголем дел од земјотресите се случуваат на Камчатка и на Курилските острови, и често се проследени со цунами. Така, поради земјотресите во Тихиот океан на брегот на Камчатка во 1952 година се создало цунами, кое во целост го урнал градот Северо-Куриљск, а неодамна, во 1995 година, при земјотресот во Сахалин во целост беше урнато населеното место Нефтегорск.
Последните проучување покажуваат дека во многу предели предвидената оценка за степенот на сеизмичност е намалена. Исто така досега не е разработена методика која овозможува со висока точност да се прогнозира каде и во кое време ќе се случи земјотрес. Последен пример е земјотресот во Тива, кој се случи во декември 2012 година, кога магнитудата го достигна опасното ниво од 7 степени.
Според зборовите на експертите, постоењето на толку голем број предели на територијата на Русија на кои се потенцијално можни разурнувачки земјотреси, ги прави сеизмичките активности и разработката на специјални настани за изграба во сеизмичките предели една еден од најважните објекти на внимание на државата.
Како што забележува раководителот на лабораторијата за сеизмички конструкции на центарот за истражување на сеизмичност на градбите ЦНИИСК „В.А. Кучеренко“ Аркадиј Грановски. „Во Русија нема потреба во целост да се откажеме од градењето објекти во зоните кои се потенцијално опасни од сеизмичка гледна точка. На пример, во Кина, Јапонија и во Чили успешно се користат технологиите кои обезбедуваат сигурност на градбите на сеизмичките територии“. Како едно од решенијата за овој проблем, инженерите го сметаат зголемувањето на цврстината и постојаноста на конструкциите.
Така при подготовката за Олимпијадата 2014 на сеизмичкото поле на Сочи (каде постојат сеизмички активности од дури 10 степени), се врши планска изградба на спортските објекти и на високите згради. Руските норми забрануваат изградба на згради со висина од повеќе од 16 ката во пределите каде сеизмичката активност достигнува 9 степени. Во Сочи, сепак, постојат згради кои се високи и до 28-30 ката. Ваквите згради влегуваат во рамките на градежните норми и изискуваат специјални технички услови. Во нив често се комбинира системот на изградба на карабината: хоризонталните сеизмички сили врз себе ги преземаат попречните арматури, а вертикалните – металните крстовидни спојници, кои се наоѓаат на фасадата на зградата. Во Русија за згради кои се градат во сеизмички зони, најпрво се поставуваат дијафрагми за цврстина, специјални спојници, а исто така се ограничува и бројот на катови.
Во исто време експертите се загрижени за сигурноста на високите згради кои активно се градат во нашата земја во последниве 10 години. Колку повеќе згради има, толку е поголема амплитудата на нишање. Не е важно само конструкциите да ги издржат земјотресите, туку и инженерските системи. Една современа зграда претставува комплекс од сложени инженерски системи. Водоснабдување, парно, системи за ладење – во сите овие системи има големи количества вода, така што нивното повредување на почетниот стадиум од земјотресот може во голема мера да ја усложни евакуацијата на луѓето од зградата. Според препораките на министерството за вонредни состојби при првите подземни поместувања потребно е колку што е можно побргу да се напушти зградата. Исто така е мошне важна функционалноста на системот за гаснење пожари. Познато е дека голема штета при земјотресите предизвикуваат пожарите кои се јавуваат како нивна последица. Основна причина за нивна појава е повредување на електричната инсталација во зградите за време на земјотресите.
Во Русија од неодамна започна да се применува технологијата за изградба врз сеизмоизолатори. Нивната основна задача е да ја намали динамичката оптовареност врз базата на зградата.
За обезбедување сигурност на зградите на сеизмичките територии се користат и специјални сеизмички сигурни фундаменти (темели) и посебни сеизмички појаси, кои претставуваат „засилување“ меѓу катовите на зградата, Освен тоа, за зацврстување на зградите се применуваат и контрфорси – вертикални делови од ѕидовите, кои овозможуваат зацврстување на конструкцијата по пат на создавање на противтежа.
„Основата на станбеното градежништво во сеизмичките региони, според наше мислење, треба да бидат лесни конструкции од дрво, полимери, композити, како што се прави во развиените земји од светот. Тоа изискува нов квалитет во работењето на претпријатијата од градежната индустрија, - вели министерот за регионален развој Говорун, - Модернизацијата на градежните комплекси е особено актуелна за Сибир и за Далечниот Исток, ако се земат предвид објективните транспортни ограничувања, кои во голема мера ја зголемуваат цената на увозните градежни ресурси. Веќе постојат некакви позитивни примери: во Република Саха работи фабрика за композитни елементи за градежништво и за станбено-комунално стопанство, а во Хабаровск се произведуваат блокови по современи карабински технологии, кои се покажаа како успешни, земајќи ги предвид климатските и географските специфики“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче