Познати руски жени-воини

Советски жени-пилоти за време на Втората светска војна: Тоња Розова, Соња Водјаник и Лида Голубјова пред заминувањето во борбена мисија. Извор: ИТАР-ТАСС.

Советски жени-пилоти за време на Втората светска војна: Тоња Розова, Соња Водјаник и Лида Голубјова пред заминувањето во борбена мисија. Извор: ИТАР-ТАСС.

Без оглед на тоа што во основа војуваат само мажите, самата претстава за војната во културата и во историјата на многу народи има женски облик. Во Русија тој се искристализирал во суровиот и тажен лик на Татковината-мајка. Овој лик е повик кон инстинктот на војниците, кон стремежот да се штитат послабите, и во таков вид тој е познат во Русија исто толку долго, колку што е долга руската историја.

Првата жена-воин се споменува некаде во седумнаесеттиот век. Имено тогаш за време на селанската војна од 1670 – 1671 година „руска Јованка Орлеанка“ била Аљона Арзамаскаја која повеќе од два месеци управувала со одред кој броел повеќе од 2.000 востаници, кои се криеле во крепоста Темников (денешна Мордовија). По преземањето на крепоста Аљона Арзамаскаја била осудена на клада како разбојничка и еретик и била обвинета за маѓесништво. Германскиот патешественик-современик Јохан Фриш ја споредува Аљона Арзамаскаја со амазонка, која „ги надминувала мажите со својата храброст. Кога нејзиниот одред бил разбиен, таа упорно продолжувала да се спротивставува, убивајќи притоа уште седум или осум души“.

Адмиралка

 

Во Русија првата и последна жена со адмиралско звање се појавила порано одошто во Кина, а уште повеќе во САД. На почетокот на XIX век императорот Александар Први ѝ доделил адмиралско звање на Ласкарина Бубулина – Гркинка, која освен што со свои пари создала солидна флота за грчките востаници, туку и лично во 1821 година го предводела нападот врз крепоста Нафплион. 

Без оглед на сосема храброто однесување на некои дами, кои ја предводеле Русија во 18 век, големите освојувања што ги правела Руската империја во тоа време биле претежно машка работа. Сепак, во Татковинската војна од 1812 година, која е позната и како Руски (Источен)  поход на Наполеон, станала првата војна по која биле наградувани и жените. По указот од 8 февруари 1816 година со медал “За сеќавање на Татковинската војна од 1812 година“ биле наградени вдовиците на генералите и офицерите кои загинале во војната, жените кои работеле во воените болници и ги негувале ранетите. Сè на сè биле направени 7.606 медали. 

Во војната од 1812 година учество земала и првата жена која била примена во регуларните воени формации. 

Во историјата е запаметена како „кавалерист-девојка“, Надежда Дурова, која имала 23 години, со лична дозвола на императорот таа служела под името Александра Александрова најпрво во хусарската, а потоа во уланската единица. Дурова се истакнала во една од решавачките борби кај Бородино, каде била сериозно ранета.

Литвјак Лидија Владимировна – авијатичарката со најголеми резултати во Втората светска војна. Извела околу 150 борбени летови, во воздушните борби лично уништила 6 авиони и еден аеростат за набљудување, а уште 6 непријателски авиони има уништено во група своите соборци.

Загинала на 1 август 1943 година во воздушна борба. Нејзините останки биле најдени и погребани дури во 1979 година. Посмртно е удостоена со звањето Херој на Советскиот Сојуз.

100 години по Дурова, Рима Михајловна Иванова станала втората жена во историјата на руската армија. Таа била запишана во санитетскиот полкот под машко име, а кога била откриена, таа продолжила служи под своето вистинско име. На 9 септември 1915 година, кога за време на борбата загинале двата офицера на полкот, таа го предводела полкот во напад и ги нападнала непријателските ровови, при што се здобила со смртоносна рана од куршум во бутот. Таа имала само 21 година. Со указ на Николај II, како исклучок, хероината била наградена со највисоката руска награда во тоа време – офицерски орден Св. Георги од IV степен. 

Доколку за време на првата Татковинска војна е познато дека служела само една жена во редовите на регуларната војска, во годините на Големата татковинска војна, кога величината на трагедијата била многу поголема, познати се многу илјадници жени чиј живот бил поврзан со вооружените сили. Партизанки, офицерки за врски, извидници, медицински сестри... Речиси на стотина од нив им било доделено звањето Херој на Советскиот Сојуз. 

Жените се бореле на првите борбени линии. Прославената снајперистка Људмила Павличенко во жестоките борби уништила 309 војници и офицери на противникот. Во моментот кога таа била повлечена од вооружените сили заради ранување, таа имала само 25 години. Жените-снајперисти истребиле повеќе од 11.280 нацистички војници и офицери. 

Советските снајперистки уништиле над 11.280 нацистички војници и офицери. На фотографијата: Људмила Павличенко во околината Севастопол 1942. Извор: ИТАР-ТАСС.

Бргу по почетокот на Големата татковинска војна веќе прославената авијатичарка Марина Михајловна Раскова се обратила лично до Централниот комитет на сесојузната комунистичка партија на болшевиците со барање да ѝ се дозволи формирање на женски авијатички полк. Нејзиното барање било одобрено. Но, имало толку многу заинтересирани, што било решено наместо еден, веднаш да бидат формирани три женски авијатички полка. 

Авијатичарките на 586 истребувачки авијатички полк учествуваа во Одбраната на Москва, во Сталинградската и во Курската битка, изведувајќи околу 9.000 летови, при што урнале 38 авиони на противникот. 

По 586 истребувачки авијатички полк во борбениот систем се приклучија 588 и 587 бомбардерски полк. Во воздушните борби жените-пилоти бомбардери покажале мајсторство кое е достојно за восхит. Така, на 2 јуни 1943 година, кога девет советски Пе-2 нанесувале удар во околината на станицата Киевскаја на Кубањ, биле нападнати од осум германски истребители. Авијатичарките го пресретнале непријателот со сосредоточен оган. Во оваа борба тие урнале 4 истребители и без загуби се вратиле на својот аеродром.

Традициите на авијатичарките се живи и денес. Неодамна беше создадена првата во историјата на Русија женска хеликоптерска ескадрила, која го доби името според префинетата тропска птица „Колибри“. Жените во руската армија станаа нормална појава, претставничките на понежниот пол во најтешките ситуации на руската историја заслужуваат правото на носат еполети и да го исполнуваат својот долг рамо до рамо со мажите. Во моментов во составот на вооружените сили на РФ има околу педесет илјади жени.

Сепак, списокот на руски жени-адмирали засега е ограничен на само една Гркинка од 19 век.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња