Сама по себе Сирија не претставува голем играч на светскиот пазар за јаглероводороди. Дури и во најуспешните години, на почетокот на минатата деценија, Сирија извлекуваше нешто повеќе од 520 илјади барели нафта на ден, нешто повеќе од 0.6% од светската експлоатација на нафта. Од почетокот на граѓанската војна на територијата на Сирија и со воведувањето на европските санкции, експлоатацијата на нафта во земјата почна брзо да паѓа. На почетокот од оваа година, според официјалната статистика, таа изнесувале нешто повеќе од 30 илјади барели дневно.
Експлоатацијата на гас во Сирија исто така не е голема во однос на светската – околу 5.5 милијарди кубни метри годишно сега, за разлика од 9 милијарди во 2010 година. Така, може со сигурност да се тврди дека како да се развиваат настаните во Сирија, кој и да биде победник во граѓанската војна, каква и да е ситуација во индустријата за нафта и гас на оваа земја нема сериозно да влијае на светскиот пазар за нафта.
Многу посериозни економски последици за Русија може да има директното вмешување во сириската криза. Иако руските официјални власти велат дека руската авијација ги бомбардира позициите на ИДИЛ, голем број извори од регионот тврдат дека главна цел на нападите е „умерената“ сириска опозиција, која војува против војската на Башар Ал Асад. Доколку се земе предвид дека клучните земји од овој регион, Турција и Саудиска Арабија, ја поддржуваат сириската сунитска опозиција, тогаш колку подолго и колку поголемо биде учеството на руските вооружени сили во сириската граѓанска војна, толку поголеми политички и економски проблеми ќе има Русија во овој регион.
Така, на пример, Рускиот фонд за директни инвестиции објави дека ќе биде создадени инвестициско партнерство со суверените фондови на Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати. Во рамките на реализацијата на предвидените планови, овие фондови изразија подготвеност да инвестираат 10, односно 7 милијарди американски долари во проекти на територијата на Русија. Во услови на фактичко затворање на западните финансиски пазари на капитал за руските банки и компании, капиталот од земјите од Персиските земји од руска гледна точка беше разгледуван како една од можните и пожелни алтернативи. Очигледно е дека со продолжената воена операција на руската армија во Сирија веројатноста за реализација на овие планови нагло ќе падне.
Турција поради својата географска положба ќе почне да игра клучна улога во изградбата на транспортната инфраструктура на границата помеѓу Европа и Азија. По сè изгледа дека во следниве години на територијата на оваа земја ќе започне изградбата на неколку гасоводи низ кои од Иран, од Азербејџан и од Туркменистан ќе може да се испорачува гас во Европа. Освен тоа, гасоводи можат да се движат до Турција преку територијата на Сирија и тоа како од Израел, така и од Катар. Но доколку израелскиот проект предвидува можност за изградба на морски гасовод надвор од територијалните води на Турција, гасоводот од Катар неизбежно мора да помине низ територијата на Сирија. Се разбира дека додека во Сирија се одвива граѓанска војна не може да стане збор за каква било изградба на територијата на оваа земја. Ваквата ситуација може да биде во корист на Гаспром, кој активно го прокламира својот проект Турски тек, но се судира со сериозни ограничувања и во пристапот кон турскиот пазар, и со големи проблеми во заемниот односи со турските партнери по неуспешниот обид за активно привлекување на Грција.
Сепак, Гаспром не може да смета на тоа дека Турција ќе го омекне својот став во преговорите зашто е невозможно да се добие гас од Катар, со оглед на тоа дека потребите на оваа земја за гас ќе бидат задоволени без ограничувања. Освен тоа за иницијална испорака на гас во Европа веќе има доволни количества. За да започне рентабилна испорака на гас преку Турција потребно е да се спроведуваат 15-20 милијарди кубни метри годишно, а такво количество на гас првично постои (Азербејџан, Иран, Ирак, Туркменистан), а додека се гради гасоводот овие земји можат да ја зголемат експлоатацијата.
Како резултат на тоа, воената операција во Сирија во краткорочна перспектива не носи за Русија значителни загуби (расходи), ниту да ветува значителни загуби. Во исто време, во случај на посериозно и подолгорочно присуство во граѓанската војна во Сирија, Русија може да се судри со значителни економски загуби.
Авторот е постар научен соработник на Институтот „Брукингс“ (Вашингтон), прв заменик-претседател на Централната банка во периодот од 1995 до 1998 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче