Како Русите да продолжат со животот во Украина?

Карикатура: Дмитриј Дивин

Карикатура: Дмитриј Дивин

Украина денес е најголема територија на рускиот свет надвор од Русија и сериозните проблеми што се појавуваат на овој или на оној начин се типични за постсоветските простори. По Евромајданот речиси да не останаа руски организации кои активно и официјално функционираат на територијата на Украина. За жал, во овој момент руското движење во Украина е уништено, но постојат услови за негово обновување.

Кои се нашите главни проблеми? Ние се придржуваме на традиционалниот , стар пристап: Не сме толку ориентирани на плаќањата на своите, колку што сме ориентиран на потплатувањата на туѓи луѓе. Ова може да се види во речиси сите сфери на работата со сонародниците. Подготвени сме да вложуваме во претставниците на соседните народи кои се пријателски расположени кон Русија, а не да ги поддржуваме самите Руси. 

Во Украина воопшто не постои меѓуетнички конфликт помеѓу Русите и Украинците. Ова е единствен етнографски простор кој има регионална специфичност: не прават разлика помеѓу рускиот и украинскиот идентитет претставниците на различните народи, туку претставниците на различни идеологии, следбениците на различни државни проекти во една иста земја. Границата е чисто идеолошка, а не етничка. Притоа украинските проекти имаат радикално антируски карактер. 

Секако, соработката со Русите во Украина треба да почива на сосема поинакви основи, одошто соработката со Русите, на пример, во Франција. Треба да се прави разлики на земјите во кои Русите се повеќемилионска автохтона група жители и оние каде што се само дијаспора со свои специфични проблеми. Кон Русите на постсоветските простори односот треба да биде поинаков. Акцент треба да се стави на оние кои себеси се сметаа за Руси, односно на рускиот идентитет. Парадоксално е, но ние сега повеќе им се радуваме на проруските Украинци, одошто на украинските Руси. Треба да се сфати дека токму жителите на Украина кои имаат руски идентитет ја сочинуваат основата за сите проруски проекти, и културни и политички. 

Треба да се придобијат не само искрени соработници, туку и прагматичари. „Професионални Руси“ не треба да биде погрден израз. Сè дури не биде материјално исплатливо да се биде „професионален Русин“, прорускиот глас ќе слабее. Проруската дејност треба да биде исто толку исплатлива, колку и проамериканската. Тоа е пазар и Русија на овој пазар треба да биде конкурентна. На новото руско движење му се потребни специјално обучени менаџери, продуценти кои можат да делуваат во општествената сфера. 

Силата на руската дијаспора а
Во Русија се размислува на нови облици на работа со дијаспората, со цел нејзиниот потенцијал да се искористи за транспортирање на руската „мека сила“ во странство. Руските власти се надеваат дека од руската дијаспора ќе направат инструмент на јавното мислење во другите земји, и во тоа се потпираат на искуството на турското малцинство во Германија и на емигрантите од Кина кои ја немаат прекинато врската со својата татковина.

Во политиката сме навикнати да се ориентираме на левичарски движења, кои функционираат врз основа на носталгијата кон советското минато. Но, како прво, нивните приврзаници, за жал, стареат и заминуваат, како второ, современа Русија нема многу сличности со Советскиот Сојуз и, воопшто, тешко може да се подведе под левичарските идеали, а, како трето, Русија сега веќе се појавува во сосема друга сфера, како земја на конзервативни вредност, што значи како упориште на конзервативното движење. Десно ориентираното крило на проруската политика останува празно. Меѓутоа, токму на ова крило се наоѓаат најдоследните руски сили и за нив треба да се води сметка. 

Во руските организации кои делуваат во сферата на културата владее крајно жална ситуација. Организациите што ги финансираше Русија речиси целокупната дејност ја сведоа на одржување манифестации од елементарно морално, фолклорно-музички и советсконосталгичен карактер, што не може да го предизвика потребниот општествен ефект. Неопходно е принципиелно да се преиспита односот на Русија кон ваквите организации и да не им се наметнува облик на делување ориентиран на дијаспората. 

Враќајќи се на темата за Украина, треба да се истакне дека сега е мошне важно да се направат напори во правец на промоција и свртување на вниманието на меѓународната заедница на прашањата за кршењето на правата на верниците на Православната црква на територијата на оваа земја.

Денес е особено важно активно да се соработува со емигрантите од Украина. Во Русија се формираше цел „емигрантски“ слој. Тој главно е составен од новинари и од јавни личности со проруска идејна ориентација, а кои се доселија во Русија. Во нивната средина е потребно да се формираат организации кои подоцна, во изменети политички околности, својата дејност би можеле да ја пренесат назад во Украина. И, притоа е важно да се стави акцент токму на оние луѓе што работат во јавната сфера, а не на пребеганите државни службеници. 

Авторот на текстот е водечки научен соработник на Центарот за истражување на проблемите на земјите од поранешниот СССР при Рускиот институт за стратешки истражувања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња