Рехабилитацијата на етничките малцинства на Крим не е само симболичен чекор

Извор: Константин Малер

Извор: Константин Малер

Претседателот Путин ја потпиша Одлуката за мерките за рехабилитација на кримските Татари и на другите народи на Крим – Ерменците, Бугарите, Грците, Германците кои беа подвргнати на депортација од 1941 до 1944 година.

Историчарите на иднината, разгледувајќи ја политичката динамика на постсоветскиот простор, веројатно оваа година ќе ја наречат година на Крим. За првпат по распадот на СССР направен е преседан на промена на државната јуриздикција над автономната република. За разлика од Абхазија, Јужна Осетија, Нагорно-Карабах или од Приднестровје, Република Крим заедно со Севастопољ, откако излезе од составот на Украина, не беше непризнаена територија, туку влезе како два одделни субјекти во состав на Русија. Стручњаците и политичарите во ова гледаат зајакнување на позициите на Руската Федерација во Црноморскиот регион и во Евроазија. Но, тука приказната со Крим не завршува. Со завршувањето на едни проблеми и предизвици, доаѓаат нови. А, најважна е, секако, интеграцијата на мултиетничкото население на полуостровот во составот на Русија. 

Во целост е јасно дека вклучувањето на новите граѓани во состав на руската политичка нација не е можно без симболични чекори од страна на власта. И тој чекор беше направен на 21 април 2014 година. Претседателот Путин ја потпиша Одлуката за мерките за рехабилитација на кримските Татари и на другите народи на Крим – Ерменците, Бугарите, Грците, Германците кои беа подвргнати на депортација од 1941 до 1944 година. Треба да се обрне особено внимание на временскиот контекст во кој беше донесена оваа одлука. Од една страна на 9 мај 2014 година одбележена е 70-годишнината од ослободувањето на Севастопољ во Втората светска војна. И на овој настан му е дадено големо внимание во медиумите. Тоа беше посебен симбол на Денот на победата. Од друга страна на 18 мај на Крим ќе биде одбележан еден друг датум – Денот на сеќавањето на жртвите на депортацијата на кримските народи. Оваа година тоа нема да биде само јубилеј, туку ден на сеќавање на Крим. 

Претседателот Путин ја потпиша Одлуката за мерките за рехабилитација на кримските Татари и на другите народи на Крим – Ерменците, Бугарите, Грците, Германците кои беа подвргнати на депортација од 1941 до 1944 година. 

Во август 1941 година Германците (околу 60 илјади) први биле подвргнати на иселување. Кон крајот на јануари и почетокот на февруари 1942 година од Крим биле депортирани Италијанците кои живееле главно во регионот на Керч. Депортацијата на кримско-татарското население (околу 183 илјади луѓе, ако не се бројат војниците и националностите кои служеле во Црвената армија) е извршена на 18 мај 1944, а на 27 јуни истата година е извршена операцијата за иселување на кримските Бугари, Грци, Ерменци (заедно околу 37 илјади лица). Службениот повод за ваквите мерки е соработката на претставниците на кримските народи со нацистите. Сепак, треба да се обрати внимание на тоа дека на депортација биле подвргнати и невини луѓе и оние што го напуштиле Крим пред окупацијата, па дури и ветерани од Втората светска војна по нејзината демобилизација. Но, најважно е ширењето на принципот на „колективна вина“ на целиот народ, со што беше осквернавено правосудството и праведната казна. 

Во април 2014 година руската влада прекина со уште една црта на наследството на Сталиновата национална политика. И тоа во очи на важните датуми. Москва на овој начин става на знаење дека за неа сеќавањето на победата во Втората светска е исто толку важно колку и сеќавањето на жртвите на политичките екстремни и неправилни одлуки. Денес обидите руската власт да се прикаже како наследник на Сталин се многу популарни меѓу западните стручњаци и политичари. Но, Кремљ, напротив, се обидува да се огради од тоа наследство и да пронајде можност за дијалог со своите нови граѓани за кои сеќавањето за депортацијата долги години било речиси главен кохезивен елемент. Во контекст на Путиновата одлука значајно е и споменувањето на Ерменците, народ со најмногубројна заедница меѓу светската дијаспора. Треба да се зема предвид дека Ерменија е еден од најдоследните руски сојузници во Евроазија. И трите други народи – Грците, Бугарите и Германците – имаат зад себе три држави кои се значаен европски партнер на Руската Федерација. 

Но, признавајќи ја сета важност и навременост на одлуката на Путин, треба да се има предвид дека интеграцијата на Крим не може да биде ограничена само на симболички чекори. Потребна е системска политика за хармонизација на односите помеѓу претставниците на различни етнички и верски групи. Јасно е дека обновувањето на правдата не се воспоставува во инверзија на демократијата кога поради исправање на злосторствата од минатото создаваме нови дискриминациски мерки. Тешко дека амбициите за етничка доминација или за ексклузивни права на пристап до земските ресурси можат да се оправдаат со мотивите за компензација за Сталиновите депортации. Ништо помалку важно прашање не е ниту интерпретацијата за тоа дали постоела целосна рехабилитација или не. На ова место многу општествени активисти можат да имаат свои гледишта за тоа во која точка овој процес треба да запре. 

Според тоа, направен е важен симболичен чекор. Русија уште еднаш ја потврди неприфатливоста на Сталиновата национална политика. Сепак, процесот на интеграција на новите Руси и на целиот Кримски полуостров е на почетокот. И неговиот успех не зависи само од намерите на високите чиновници, туку и од подготвеноста на лидерите на западните официјални и неслужбени структури да играат според заедничките правила, да се борат за компромис, наместо на прв план да ја истакнуваат својата етничка ексклузивност. 

Сергеј Маркедонов е доцент на Катедрата за науките за религиите и за надворешна политика на Рускиот државен хуманистички универзитет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња