Косово и Крим: за сличностите и за разликите

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Во говорот на Владимир Путин пред членовите на Федералното собрание на 18 март, во кој претседателот се повика на документот од Хашкиот трибунал од 2010 година за легитимноста на признавањето на Косово, подвлечена е определена паралела помеѓу Косово и Крим, како и меѓу други непризнаени ентитети на територијата на Заедницата на независни држави: Приднестровје, Јужна Осетија, Абхазија. Никита Бондарев, експерт на Рускиот институт за стратешки истражувања, ги анализира разликите помеѓу Косово и Крим кои често ја истакнуваат западните политичари.

„Многу крв“ vs „без ниту еден истрел“ 

Кога станува збор за суштинската сличност и разликите помеѓу овие преседани, треба да се обрне внимание на она што меѓународната заедница го наведува како важна разлика: на Косово наспроти интервенцијата демек е пролиено многу крв. Толку е апсурдно што Западот ја истакнува оваа теза како нешто суштински важно што не знам ниту што да одговорам на тоа. Некаде имало жртви, а некаде не, и што од тоа? Зборуваме за меѓународно-правниот аспект и каква врска има дали имало жртви и колку имало? Ми се чини дека дури ни европските бирократи не ја сфаќаат во целост што значи воопшто оваа теза. Зарем тие би сакале на Крим да има жртви, да изгинат исто онолку луѓе  колку и на Косово? Дали тие тогаш би се сложиле дека интервенцијата е законска? Историјата не познава конструкции од типот „што би било кога би било“, но доколку би познавала, што би требала тогаш да прави Русија? Да ги почека жртвите за потоа сè да оди според косовското сценарио? Таквиот принцип е врв на цинизмот.

„Анексија“ vs „независност“ 

Кога станува збор за обвинувањето за „анексија“ на Крим односно тезите дека Косово станало независно и ете, не се спои со Албанија, претставуваат некакви чудни двојни стандарди. Крим стана дел од Русија откако Руската Федерација ја призна неговата независност, но Абхазија и Јужна Осетија не станаа дел од Русија, но сепак Западот ги бојкотира. Значи западните двојни стандарди мошне јасно се огледаат во овој детаљ. 

На Крим се повторува косовското сценарио
Доколку се реализира сценариото за влегување на Крим во состав на Русија, тоа ќе биде случај без преседан за современата меѓународна практика. Во последнава деценија имавме многу примери на формирање нови држави. Но, присоединување на „земја“ на една држава на друга без согласност на врховната власт на земјата од која се одделува територијата, не се практикува уште од времето на завршувањето на студената војна.

Всушност, во која мера Косово стана независно? Во која мера е демократско? Да, стана независно од Белград, но целосно зависи од Западот и од НАТО, од нивните воени бази, од КФОР, од западните претставници кои всушност ги носат сите одлуки. Тие таму навистина обезбедија референдум „пред вперените автомати“ во отсуство на 250 илјади Срби кои ја напуштија покраината по интервенцијата на НАТО и вистински (а не медиумски) хуманитарни катастрофи, испровоцирани со тоа бомбардирање. Од друга страна, ниту идејата за Голема Албанија не исчезна. Секако, никој не гарантира дека Западот ќе се реши за анексија на Косово или дека ќе им дозволи на Албанците да ги прекројуваат „големите“ државни граници во Европа, зашто тогаш тоа нема повеќе да бидат внатрешни граници на Југославија. 

Границите по светските војни и границите по Студената војна

Покрај сето тоа треба да се има предвид дека границите во самата Европа и границите во СФРЈ и во СССР, за волја на вистината, не се исто. Значителен дел од границите на територијата на Европа кои се искроени уште по Версајскиот мировен договор веќе се факт кој априори не се менува. Со други зборови, може колку што сакаме да зборуваме за судбината на овој или на оној европски етнос, но не може да се доведуваат под сомневање постоечките граници. Од друга страна, ако не сакаме да бидеме формалисти, односно ако сакаме да расудуваме барем малку потпирајќи се на историјата на земјите од источна Европа, тогаш мораме да констатираме дека границите внатре во СССР и во Југославија, и уште повеќе границата помеѓу Република Србија и Автономната Покраина Косово, не е баш истото што и границата помеѓу, да кажеме, Белгија и Холандија, или помеѓу Франција и Германија. 

Ова е уште еден момент кој ги обединува Крим и Косово. Комунистичките функционери своевремено одлучиле малку да експериментираат со политичката географија на тогашните „сојузни (сè уште) братски народи“, но нивната волја не треба да влијае на човечките судбини ниту сега, ниту во иднина. Во таа смисла случајот на Крим во поголема мера е сличен на Ибарски Колашин. Ако Косово во некоја смисла е преседан во согласност со кој ние можеме да ја решиме судбината на Крим, тогаш Крим може да биде преседан во согласност со кој треба да се решава судбината на Ибарски Колашин, доколку Србија наскоро реши да го признае Косово. 

Ангажираноста на меѓународните структури во процесот на одвојување на Крим од Украина vs. набљудувачите-доброволци 

Тешко ни е да се сложиме со тоа. На Русија воопшто немаше да ѝ пречи доколку меѓународните структури во поголема мера се ангажира во процесот на регулирање на ситуацијата на Крим и во референдумот за присоединување кон Русија. Пред сè мислам на ОН, особено ако се има предвид дека Русија е постојан член на Советот за безбедност. Тоа ништо не би променило, но на споменатите процеси би му дало поголема легитимност. Меѓу набљудувачите на референдумот, покрај другите, имаше и претставници на Србија. Многумина од нив ги познавам лично. Згора на тоа, ако се погледа општиот состав на мисијата, се добива впечаток дека можеби имаше најмногу Срби. Секако, добро е што воопшто имаше меѓународни набљудувачи, но ќе беше многу подобро доколку тоа не беа само некои проруски расположени доброволци, туку легитимни меѓународни структури. 

Авторот е виш научен соработник на Рускиот институт за стратешки истражувања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња