Инцидент со авион на „Аерофлот“ на Тајланд, повредени патници

Авион на „Аерофлот“ слета во Бангкок со повредени патници.

Авионот кој леташе од Москва до Бангкок на 1 мај влезе во зона на силна турбуленција, попозната како турбуленција на јасно небо, изјавија од прес-службата на „Аерофлот“.

„Нејзината главна карактеристика е во тоа што настанува не во облаците, ами во чисто небо со добра видливост, каде метеоролошкиот радар не може да го улови нејзиното приближување. Затоа екипажот нема можност да ги предупреди патниците за потребата да се вратат на своите места. Секоја година цивилната авијација во светот регистрира околу 750 случаи на турбуленција на јасно небо“, истакнуваат од „Аерофлот“.

Во авионот се наоѓаа 313 луѓе, од кои 25 се испратени во медицинските установи во Бангкок, додаваат од „Аерофлот“. 11 веќе се одјавиле, останатите 14 се наоѓаат во болница.

Како резултат на влегување во зоната на турбуленција авионот бил отфрлен за 100-200 метри во височина, соопшти за „Интерфакс“ запознаен извор во главниот град на Тајланд. Тој потенцира дека во тој момент немало обврска за закопчување на безбедносните појаси.

„Според информациите што ги добиваме од компанијата „Аерофлот“, на сите повредени ќе им биде исплатена предвидената компензација“, изјави рускиот амбасадор на Тајланд Кирил Барски, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња