МНР на РФ за погрешната објава на британски „Сан“ за „расизмот во Русија“

Министерството за надворешни работи на Русија изрази зачуденост од објавеното видео на сајтот на британскиот таблоид „Сан“ под наслов „Расизам во Русија“, во кое се прикажуваат украински навивачи во Киев на натпреварот „Динамо“ и „Шахтјор“.

„Зачудени сме од непрофесионализмот на популарниот британскиот таблоид „Сан“, се вели на сајтот на МНР на Русија.

Рускиот дипломатски ресор истакнува дека првичниот текст по реакцијата на читателите бил поправен од таблоидот, но „прашањата за причините на дозволената од Британците „географска грешка“ остануваат. МНР смета дека предвидувањата за тоа дека западните медиуми се обидуваат да ѝ нанесат штета на Русија како на земја-домаќин на Купот на конфедерациите во 2017 година и на шампионатот на светот во фудбал во 2018 година, се обистинуваат.

Претходно во четвртокот британскиот таблоид „Сан“ објави видео во кое се прикажани нереди направени од навивачите на мечот меѓу украинските фудбалски клубови „Динамо Киев“ и „Шахтјор“ од Донецк, и истото го нарече „расизам во Русија“. Во моментов на сајтот на таблоидот стои видеото насловено како „Расизам во Украина“, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња