Научници изолираа ДНК на прачовек од наслагите во Денисовата пештера

Научно-истражувачката група под раководство на научник од германскиот Институт „Макс Планк“ изолираше ДНК на Денисовскиот човек од наслагите во познатата сибирска пештера.

Во научниот журнал „Наука“ (Sciencе) е објавен труд во кој се вели дека научниците се стекнале со вештина за издвојување на ДНК на прачовек и неговите предци и од археолошките слоеви во кои не се пронајдени скаменети остатоци.

Како што се нагласува, на тој начин во четири пештери на територијата на Евроазија се пронајдени траги од ДНК на неандерталец.

Претходно група научници врз основа на проучувања на пронајдена на Крим украсена коска на врана заклучи за постоењето на култура кај неандерталците, пренесува RT.

Во Денисовата пештера принајдена е досега најстарата (50 илјади години) игла на светот направена од коска на птица, за која се верува дека е направена од одамна изумрен вид на хомосапиенс. Иглата сведочи дека Денисовиот човек бил со повисок степен на развој отколку што се веруваше. Претходно таму е најден накит од хлорит, многу сличен на современиот, но сепак се смета дека иглата е 10 илјади години постара.

Врз основа на сите пронајдоци може да се каже да овој дел на Алтајските планини некогаш бил културен центар во кој се формирале модерните хомосапиенси, тврдат руските научници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња