Белата куќа: „Изолацијата на Русија во ООН“ е заслуга на Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп по неколку години катастрофална дипломатија им се спротивставува на земјите кои се закануваат на националната безбедност, се вели во изјавата на Белата куќа.

Белата куќа ја смета наводната изолација на Русија во ООН за едно од постигнувањата на претседателот на САД Доналд Трамп во првите 100 дена од неговото претседателствување. Ова се вели во изјавата на Белата куќа за наводните успеси што ги постигнал Трамп во сферата на безбедноста за првите три месеци од неговото владеење.

„Претседателот Трамп по (неколку) години катастрофална политика им се спротивставува на земјите кои се закануваат на нашата национална безбедност. За првите 100 дена претседателот му испрати на светот сигнал со посредство на својата брза и решителна наредба за нанесување удар врз сириската воена воздухопловна база од која беше извршен ужасениот напад со примена на хемиско оружје врз цивили. (Трамп исто така) уште повеќе ги изолираше Сирија и Русија во ООН со посредство на успешната дипломатија со претседателот на Кина Си Ѓинпин“, се тврди во документот.

Покрај тоа, во документот се истакнува дека Трамп вовел нови санкции против Сирија и Ирана и дека работи „на изолирање на Северна Кореја“, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња