Во ковчегот пронајден во Турција е телото на руски капетан

Рускиот офицер, чиј ковчег со телото беше откриен во Турција, не е генерал, туку капетан, соопшти директорот на еден од музеите во провинцијата Карс, каде ковчегот беше испратен за истражување.

Директорот на музејот на Карс Неџмедин Алп соопшти дека офицерот, за кој се претпоставува дека служел таму по руско-турската војна 1877-1878, бил со чин капетан, а не генерал, и служел во рускиот гарнизон во Ардаган. „На неговата униформа има три ѕвезди, како и бројот 20“, изјави Алп, пренесува „Взгљад“.

Тој додаде дека останките на офицерот се испратени во музејот. Офицерот е закопан во времето кога Ардаган и Карс биле во состав на Русија. Карската област ѝ беше предадена на Турција по Московскиот договор од 1921 година.

Претходно беше соопштено дека во турската провинција Ардаган, недалеку од границата со Грузија е откриен ковчег со тело за кое се претпоставува дека е на руски генерал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња