Меѓународните резерви на Русија пораснаа на 400 милијарди долари

Меѓународните резерви на Русија за една недела пораснале за 1,6 милијарди долари, соопшти Банката на Русија.

Меѓународните резерви на Русија за недела дена, од 14 април, се зголемија од 398,4 милијарди долари на 400 милијарди долари.

Ова го соопштува „Газета.Ru“ повикувајќи се на прес-службата на Банката на Русија.

„Меѓународните резерви за неделата од 14 до 21 април пораснаа за 1,6 милијарди долари, или за 0,4%, првенствено како резултат на позитивната ревалоризација“, соопшти регулаторот.

Претходно прес-службата на „Росстат“ соопшти дека темпото на пораст на цените во март 2017 година во земјите на ЕУ просечно пораснале за шест пати во однос на Русија, пренесува RT.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња