Шојгу: Нападот на САД врз Сирија создаде закана за руските војници

Операциите на Вашингтон со воздушниот напад врз воздухопловната база во Сирија создадоа закана за руските војници, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Шојгу додаде во врска со тоа Русија е принудена да преземе дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на својата група војници во Сирија, пренесува „Взгљад“.

Министерот исто така предложи да се формира меѓународна коалиција за деминирање на територијата на Сирија и да вклучи во тоа комерцијални структури. Шојгу изрази надеж дека службата за деминирање на ООН во најскоро време исто така ќе се приклучи на деминирањето на Сирија.

„Покрај тоа, сметам дека е соодветно да се создаде фонд за финансирање на специјализирани комерцијални компании кои ќе бидат вклучувани во таквите работи“, додаде тој.

Министерот исто така истакна дека Русија, Турција и Иран успеал да го придвижат од мртва точка проблемот на разграничување на „Џебхат ан-Нусра“ и конструктивната опозиција на Сирија. Притоа Шојгу изјави за потребата од разработка на комплексна стратегија на заеднички дејствија во подрачјата на земјата ослободени од терористите.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња