ВИДЕО. Улиците на рускиот град Лебедјањ поплавени од сок

По рушењето на покривот на фабриката „ПепсиКо“, се излеа сок на улиците на градот Лебедјањ, соопшти обвинителството на Липецката област.

Обвинителството истакна дека целиот сок се слева во реката Дон, пренесува „Взгљад“.

Работниците, кои настрадаа при рушењето на покривот на фабриката „ПепсиКо“ во Липецката област, се наоѓаат на висина од повеќе од 30 метри, што ги усложнува работите за нивно спасување, соопшти регионалната Главна управа на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Почната е истрага за рушењето на покривот на површина од преку илјада метри квадратни, соопшти Истражниот комитет на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња