Кремљ ги отфрла обвинувањата за хакирање на сајтот на штабот на Макрон

Претходно кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон изјави дека интернет-сајтот на неговото движење „Напред!“ било подложено на хакерски напади.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков повторно отфрли вмешаност на Русија во хакерски напади врз штабот на кандидатот за претседател на Франција и основач на движењето „Напред!“ Емануел Макрон, како и врз серверите на партијата на Ангела Меркел во Германија.

Ова Песков го изјави за новинарите, коментирајќи ги информациите на една група која се занимава со истражување на случаи на сајбер-шпионажа.

„Би биле прекумерно благодарни кога таа истражувачка група би ни ја испратила информацијата и за да можеме да ја провериме. Затоа што тоа (информацијата) не излегува надвор од рамките на неодговорните, кои не се ништо освен измислица, лажни новости“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Претходно Макрон изјави дека интернет-сајтот на неговото движење „Напред!“ бил подложен на хакерски напади, при што тој алудираше на поврзаност на Русија со тие хакерски напади.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња