Русија трета во светот според трошоците за одбрана

Русија заедно со САД и Кина влезе во тројката светски лидери по обемот на трошоци за воени потреби, се вели во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на проблемите во светот (SIPRI) за состојбата со трговијата со оружје во светот.

Според документот, воените расходи во 2016 година во светот пораснале за 0,4% во споредба со 2015 година и изнесувале 1686 милијарди долари, пренесува „Взгљад“.

Така, рускиот воен буџет се зголемил минатата година за 5,9%, односно за 69,2 милијарди долари. Вкупно, според податоците на  SIPRI, воените расходи на Русија се зголемиле од 2007 година за  87%. Во 2016 година трошоците за армијата изнесувале 5,3% од БДП, што претставува највисок показател во однос на бруто домашниот производ во историјата на независна Русија и седми најголем во светот.

Американските воени расходи во 2016 година се зголемиле за 1,7% и изнесувале 611 милијарди долари. Овие показатели сведочат за крајот на тенденцијата на намалување на воените расходи, предизвикани од економската криза и повлекувањето на силите од Авганистан и Ирак.

Кинеските трошоци за одбрана се зголемиле за 5,4% , односно за 215 милијарди долари.

Саудиска Арабија, која во 2015 година беше на третото место, минатата година го зазеде четвртото, со намалени трошоци за одбрана за 30% - на 63,7 милијарди долари.

Авторите на извештајот ја истакнуваат нерамномерноста на динамиката во купопродажбата на оружје во различни региони. Ако во Азија, Океанија, Централна и Источна Европа, Северна Африка и Северна Америка показателите растеле, во Централна Америка, Јужна Америка, Карипскиот басен, Блискиот Исток и Супсахарска Африка, тие се намалувале.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави во април дека врвот на оптовареност за државните нарачки во одбраната во рускиот одбранбено-индустриски комплекс ќе биде во 2017 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња