Цената на бензинот во Русија повисока од онаа во САД

Бензинот во САД во првиот квартал на 2017 година стана во просек поевтин отколку во Русија, велат резултатите од истражувањето на агенцијата „Блумберг“.

Разликата во цената е забележителна, ако за единица мерка се земе американскиот галон, кој изнесува 3,785 литри. На 19 март неговата просечна цена за три месеци во САД изнесуваше 2,57 долари, а во Русија - 2,58 долари.

Доколку се земе единица мерка во литри, цената ќе биде еднаква – 0,68 долари.

Истражувањето на „Блумберг“ вклучува податоци од 61 земја. Во просек, според податоците, цените на бензинот во кварталот се покачиле за 1,4% .

Според податоците на државниот завод за статистика на РФ „Росстат“, цените на бензинот во февруари во просек пораснале за 0,6% споредено со јануари и за 5,8% споредено со февруари 2016 година.

Според податоците од 20 април, цената на бензинот во Русија за една недела – од 10-16 април, пораснала за 0,1%, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња