Си-Ен-Ен: Сирија ги префрли своите авиони поблиску до руската база

Воени извори во САД тврдат дека властите на Сирија ги преместиле своите воени авиони поблиску до руската база во Хмејмим за да ги обезбедат од нападите на коалицијата, соопштува Си-Ен-Ен.

Како што изјавија изворите, Сирија ги префрлила сите свои воени авиони на подрачјето на базата на руските Воздушно-космички сили. Изворот не наведе докази за таа информација, пренесува „Взгљад“.

„Претседателот на Сирија Башар Асад бара на тој начин заштита од Кремљ“, соопштува Си-Ен-Ен.

Изворот истакнува дека сириската команда е уверена во безбедноста на своите авиони, затоа што САД или членките на западната коалиција ќе се воздржуваат од напади во близина на базата на Русија.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.