Путин: циничниот однос спрема историјата води кон разединување на народите

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека циничниот однос спрема историјата води кон разединување на земјите и народите.

Ова рускиот претседател го изјави во текот на состанокот на Организациониот комитет „Победа“.

„Гледаме какви ризици повлекува циничниот однос спрема минатото, како фалсификувањето, манипулирањето со историските факти водат кон разединување на земјите и народите“, истакна Путин.

Според него, особено опасен е постојниот курс во некои земји за хероизација на нацизмот и оправдување на неговите соучесници.

„Веќе беше кажано дека тоа е преполно со огромни ризици денеска за сите нас“, додаде рускиот лидер.

Покрај тоа, Путин изјави за потребата да се брани објективниот однос спрема историјата, пренесува RT.
 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња