Во Црно море потона товарниот брод „Хероите на Арсенал“

Седум морнари се исчезнати. Операцијата за спасување ја вршат бродови и авијација од Крим.

Товарниот брод „Хероите на Арсенал” претрпе бродолом во Црното море, седум луѓе исчезнаа.

На бродот се наоѓаа 12 лица: двајца руски државјани, девет украински и еден државјанин на Грузија. Товарниот брод пренесуваше пченица и се движеше од Ростовската област кон Турција.

Помошникот на началникот на Главната управа на Министерството за вонредни состојби за Крим Владимир Иванов изјави дека во реонот се испратени неколку бродови за спасување и авијација. Еден морнар е спасен.

„Состојбата на морнарот кој беше изваден од водата е многу тешка, има претрпено хипертермија. Температурата на водата во мореузот е 7-8 степени”, објасни Иванов, пренесува РИА „Новости”.

Според информациите на Истражниот комитет на Русија, спасени се тројца членови на екипажот.

Операцијата за спасување е отежната од временските услови, морето е немирно, а ветрот достигнува 20 метри во секунда.

Министерството за вонредни состојби истакна дека СОС сигналот од бродот бил примен од граничарите кои информацијата ја пренеле до спасувачите.

Покрената е кривична постапка по повод инцидентот. Потонатиот брод ѝ припаѓа на турската компанија „Gunes shipping”.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња