Организаторот на нападот во Санкт Петербург пронајден преку телефонот

Рускиот весник „Комерсант“ пишува дека по осомничениот се трагало неколку ден,а затоа што по експлозијата се притаил: не доаѓал во станот што го изнајмил и се ослободил од сите телефони.

Осомничениот за организирање на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург Аброр Азимов е пронајден благодарејќи на вклучен телефон, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите на весникот, Азимов е издвоен при проверката на контактите на извршителот на нападот Акбарџон Џалилов. Пред да ја активира бомбата терористот го повикал токму Азимов, очигледно за да му соопшти дека е подготвен за акција.

„Комерсант“ пишува дека по осомничениот се трагало неколку дена затоа што по експлозијата се притаил: не доаѓал во станот што го изнајмил и се ослободил од сите телефони.

На 17 април осомничениот купил нови мобилни телефони и сим-картички. Со активирањето на едната од нив ја открил локацијата на која се наоѓал.

Истиот ден Азимов беше приведен. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња