Путин го честиташе Велигден

Претседателот на Русија истакна дека празникот има особено морална смисла.

Рускиот лидер Владимир Путин им го честиташе Велигден на сите православни христијани и на сите Руси. Претседателот истакна дека велигденските празници ги навраќаат Русите кон традициите на предците, „придонесуваат за утврдувањето во општеството на вечните духовни вредности и идеали“.

„Големиот празник Велигден има особено морална смисла, ја носи во себе незгаснатата светлина на верата, ги исполнува срцата на луѓето со радост, љубов и стремеж кон добрина“, се вели во поздравната телеграма на рускиот претседател, соопштува прес-службата на Кремљ.

Рускиот лидер ја истакнува „вистински подвижничката“ работа на Руската православна црква, на претставниците на другите христијански конфесии и ја потенцираше нивната улога во зачувувањето на богатото историско и културно наследство на земјата, пренесува „Известија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња