Русија не ѝ испорачувала оружје на Хрватска во 1990 години

Написите на хрватските медиуми за наводна руска испорака на Хрватска во 1990 години на вооружување, вклучувајќи ракетни системи С-300, заобиколувајќи го ембаргото на ООН, не одговараат на реалноста, изјави заменик-директорот на одделот за информација и печат на МНР на Русија Артјом Кожин.

„Русија постојано се придржуваше до своите меѓународно-правни обврски, вклучително и во однос на ембаргото за испорака на оружје на завојуваните страни во текот на југословенската криза од 1991-1995 година“, изјави Кожин, пренесува „Взгљад“.

Тој ги нарече тие написи како провокативни и истакна дека во нив грубо се искривуваат фактите за да се оцрни руската политика на Балканот.

„Уште повеќе е неприфатливо во контекст на сите овие измислици споменувањето на контактите на амбасадорот на Русија во Загреб. Целата одговорност лежи врз авторите на ваквите фикции“, изјави тој.

Претходно во хрватските медиуми се појавија написи, базирани врз неименувани извори, дека Русија наводно ѝ испорачувала на Хрватска оружје во текот на вооружените конфликти на територијата на поранешна Југославија и покрај воведеното ембарго за оружје од страна на ООН.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња