Московското метро го пушти во употреба возот од нова генерација „Москва“

Возот од нова генерација „Москва“ денеска беше пуштен во употреба во метрото на рускиот главен град.

„Денес е голем настан за московското метро. Денеска се пушта најдобриот на светот метро-воз, најдобар според цела низа севкупни карактеристики и технолошки, и според комфорот за патниците, а да не зборувам за цената, тој е еден и пол пати поевтин од останатите во светот“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Според него, возот ќе вози на најпрометната линија во Москва, Таганско-Краснопресненската, која секој ден опслужува повеќе од 1 милион луѓе.

Се планира во текот на 2017 година во московското метро да има 33 возови од нова генерација.

Клучните карактеристики на возот се широкиот отвор на вратата, подобрена внатрешност и широкиот премин во сите вагони. Исто така, возовите се опремени со модерна вентилација и осветлување.

Името на новиот тип на метро возовите беше избран од страна на Московјаните во текот на гласањето во проектот „Активен граѓанин“.

За новата генерација на метро-возови се користат технологии кои ги намалуваат оперативните трошоци за 40%.

Осветлувањето на новите вагони е со лед-светилки кои наутро може да емитираат „ладна“ светлина, а приквечер – „топла“.

Исто така, во вагоните има монтирано УСБ-приклучоци за полнење на електронски уреди, соопштува Риамо.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња