МНР на РФ: Сафронков се обиде да ги извади опонентите од зомби-состојбата

Заменик-министерот на рускиот дипломатски ресор Сергеј Рјабков изјави дека МНР на Русија ја смета за чудна критиката за настапот на заменикот на рускиот постојан претставник во ООН Владимир Сафронков затоа што западните се вежбаат во навредување на Русија.

„На крај доаѓа моментот кога треба да се испрати сериозен емоционален сигнал, инаку од состојбата на такво политичко зомбирање оние, кои седат на ист маса со нас во салата на Советот за безбедност или Извршниот совет на ОЗХО, едноставно не можете да ги извадите“, го коментираше Рјабков настапот на Сафронков во Советот за безбедност на ООН, пренесува „Взгљад“.

Рјабков потенцираше дека претставниците на Западот треба најпрвин да размислат за своето однесување.

„Заменикот на постојаниот претставник Сафронков, кој говореше на таа тема, директно кажа што беше потребно во таа ситуација“, додаде дипломатот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња