Песков: Интересите на нашата татковина треба да се бранат цврсто

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков го коментираше настапот на заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека настапот на Сафронков е дозволен.

„Сметаме дека е дозволен. Ништо навредливо не беше кажано. Навистина, темите за дискусија се сосем остри во Советот за безбедност. Често се однесуваат на суштината и иднината на меѓународните односи. И покажувањето мекост потоа во иднина е исполнето со многу плачливи последици. Затоа, подобро да се штитат интересите на нашата Татковина токму денес и, ако се мора, доволно цврсто“, изјави Песков, пренесува RT.

Претходно во текот на заседанието на Советот за безбедност на ООН Сафронков го повика постојаниот претставник на Велика Британија по неговиот настап да не ги навредува Русија и другите држави.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња