Путин ги осудува сојузниците на НАТО за Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин, коментирајќи ги реакциите на западните земји кои следеа по американските обвинувања дека сириските власти извршиле напад со хемиско оружје и одобрувањето од нивна страна на американскиот напад врз Сирија, изјави дека партнерите на Вашингтон во НАТО кимаат со глава како детски играчки.

Претседателот на Русија потсети дека до сега САД не презентирале никакви докази за вината на сириските власти за нападот со хемиско оружје во Идлиб. На тој начин, според него, нема докази, а прекршување на меѓународното право има, пренесува „Взгљад“.

„Како реагираа сојузниците во НАТО? Сите кимаат со глава како кукли за деца, без да анализираат ништо што се случува“, изјави Путин, коментирајќи го нападот на САД врз Сирија.

Путин изјави дека без одобрение на Советот за безбедност на ОН беше извршен ракетен напад врз една суверена држава, но и без оглед на прекршувањето на меѓународното право, сите се согласуваат, го поздравуваат и поддржуваат тоа. Путин потсети дека истото однесување на западните партнери го имаше во 2003 година, кога Американците влегоа во Авганистан.

Претседателот на Русија укажа на фактот дека токму по интервенцијата на САД почна растот на терористичкото движење, се појави терористичката група „Исламска држава“ и други групи. Според Путин, тоа го знаат сите, но повторно ги повторуваат своите грешки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња