„На администрацијата на Трамп ѝ се својствени примитивизмот и безобразието“

На реториката на актуелната администрација на САД ѝ се својствени примитивизмот и безобразието, како и стремежот да се протуркаат однапред подготвени заклучоци, додека политиката на Вашингтон во однос на Сирија останува непознат, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Примитивизмот и безобразието, тоа се карактеристики на актуелната реторика која доаѓа од Вашингтон“, изјави Рјабков, пренесува „Взгљад“.

Рјабков изрази надеж дека тоа нема да биде содржината на американската политика.

Според него, за Москва останува тајна курсот на администрацијата на САД во однос на Сирија. „Недоследност е она што најпрво ми паѓа на ум“, изјави рускиот дипломат.

Рјабков укажа дека обидите да се протурка во СБ на ООН резолуција за Сирија претставуваат обид на САД да го легализираат нападот врз сириската воздухопловна база Шајрат во Хомс.

Претставникот на рускиот дипломатски ресор изјави дека сириското Воено воздухопловство во Идлиб ги гаѓал терористичките складови со хемиско оружје.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.