Судир на возови во Москва

Во несреќата што се случи во Москва вечерта на 8 април, кога се судрија електричен воз и патнички воз, повредени се околу 50 луѓе.

Московското меѓурегионално транспортно обвинителство соопшти на својот сајт дека повело кривична истрага во врска со судирот на патничкиот воз, кој возеше на релација Москва-Брест, со електричен воз на западот на Москва.

„Како резултат на судирот од шините излетаа два вагона на електричниот воз и дел од локомотивата на патничкиот воз, движењето на таа делница беше привремено запрено. Според првичните податоци, во судирот настрадале околу 50 луѓе, од кои петмина во моментов се наоѓаат во болница. Во текот на проверката на органите на обвинителството ќе им биде дадена процена на сите околности за настанатата ситуација и постапките на лицата кои се вмешани во неа“, се вели во текстот на официјалното соопштение кое го пренесува „Газета.ру“.

Несреќата се случи вечерта на 8 април. Машиновозачот на електричниот воз Москва-Усово бил принуден итно да закочи поради човек кој претрчувал преку шините. Како што прецизираат од „Руски железници“, поради инцидентот бил нарушен системот за кочење на електричниот воз, по што настанало спонтано движење во спротивен правец по што дошло до судир со возот Москва-Брест кој стоел на шините“, пишува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња