Путин наведе три верзии за експлозиите во метрото во Петербург

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека се разгледуваат сите верзии за настанот во метрото на Санкт Петербург.

Тој прецизираше дека не станува збор само за тероризам, туку и за социјална и криминална верзија, пренесува „Лента.ру“.

„Безбедносните органи и специјалните служби работат, ќе сторат сѐ за да ги откријат причините за она што се случи, да дадат целосна оцена за она што се случи“, истакна шефот на руската држава.

„Веќе разговарав со раководителите на специјалните служби, со директорот на ФСБ“, изјави претседателот на Русија.

Според Путин, градските власти, а доколку има потреба и федералните, ќе ги преземат сите неопходни мерки за да им дадат поддршка на семејствата на загинатите и повредените. Тој исто така изрази и сочувство до нив.

Претседателот на Русија се наоѓа во Санкт Петербург за средба со белорускиот колега Александар Лукашенко. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња