Во Москва приведено 31 лице за учество во неодобрен протест

МВР на Русија соопшти дека привело 31 лице за обид да одржат неодобрен опозициски протест во центарот на Москва.

„Во Москва во текот на неодобрена јавна манифестација за нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Тирумфалниот плоштад се приведени 31 лице“, соопшти за ТАСС прес-центарот на МВР на Русија.

Во Санкт Петербург, според податоците на МВР, е приведен еден од учесниците во неодобрената акција на протест. МВР на Русија соопшти дека во повеќе градови во Русија на иницијатива на различни јавни здруженија се одржале малубројни одобрени јавни протести.

„На пример, во Рјазањ и Иваново во нив учествуваа по 20 лица, во Јакутск – 13, во Барнаул - 40 лица“, изјавија од МВР на Русија.

Најмногубројни протести имало во Новосибирск (400 лица), Самара (650 лица) и Астрахан (250 лица).

„Во текот на наведените јавни протести не е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир, приведени нема“, соопшти МВР на Русија.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња