Медиум:Лондон подготвен заради поволен Брегзит „да игра на антируска карта“

Властите во Велика Британија имаат намера да зборуваат за проблеми со безбедноста во ЕУ и „зголемената руска закана“ со цел да добијат поповолна зделка за „Брегзит“, пишува „Дејли Телеграф“.

„Дејли Телеграф“ тврди, повикувајќи се на протоколот од седницата на британската влада одржана на 7 март по повод „Брегзит“,  дека оваа дискусија ќе ја почне на преговорите со Брисел британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Џонсон изјави, меѓу другото, дека Лондон „не треба да истапува во улогата на молител“ кога станува збор за одбраната, туку да биде свесен за својата тактичка предност.

„Чувството на незаштитеност во Европа од времето на Студената војна сега е посилно од било кога. Постои зголемена агресија од страна на Русија. ЕУ има потреба од нашите можности“, изјави од своја страна министерот за одбрана Мајкл Фалон.

Со ваквиот се согласи и министерот за излегувањето на Велика Британија од ЕУ Дејвид Дејвис. Тој истакна дека Велика Британија има силна позиција во ЕУ, каде што владее паника во врска со одбранбената политика.

Со ставот на министрите на крајот се согласи и премиерката Тереза ​​Меј, кој ги нарече безбедноста и одбраната „клучни прашања за ЕУ“. Во врска со ова прашање, според неа, Лондон има „силна позиција“.

Во средата, британскиот премиер Тереза ​​Меј го потпиша писмото со официјално известување до Европската унија за формалниот почеток на процедурата за „Брегзит“. Лондон и Брисел имаат две години за преговори и координација на сите нијанси на идните билатерални односи, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња