МНР на Русија се пофали со својата нова автоматска секретарка

Министерството за надворешни работи на Русија на својата „Фејсбук“ страница се пофали со новата автоматска секретарка.

Министерството за надворешни работи на Русија објави на својата официјална страница на „Фејсбук“ шеговита „автоматска секретарка за руските дипломатски мисии во странство“.

На записот машки глас предлага „да нарачате телефонски повик од руски дипломат“, „да ги искористите услугите на руските хакери“ или да се обратите „за прашања за мешање во избори“.

„Ви укажуваме дека со цел зголемување на квалитетот на услугите сите разговори се снимаат“, се вели на аудио-записот што го пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња