Порошенко: Русија нема да се откаже од создавањето алтернативна Европа

Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека годините што следат ќе бидат најважните за ЕУ и Украина.

На 29 март претседателот на Украина Петро Порошенко во текот на својот настап на Конгресот на ЕНП на Малта ги коментираше односите меѓу Украина и Европската унија.

Според украинскиот претседател, годините што следат ќе бидат најважните како за Украина, така и за ЕУ.

„Пред четири дена по повод годишнината на ЕУ лидерите на Европската унија се договорија за идните планови на обединета Европа. И годините што следат ќе бидат најважните за ЕУ и за мојата земја. Агресорите внатре во Европа нема да чекаат Русија да направи сѐ што може да фрли во провалија. И Кремљ никогаш нема да се откаже (од обидите) да изгради алтернативна Европа“, изјави Порошенко, пренесува порталот „Шариј.нет“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња