Порошенко им нареди на ВСУ да го прекинат огнот во Донбас од 1 април

Од 1 април во Донбас Вооружените сили на Украина ќе го прекинат огнот, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека им наредил на Вооружените сили на Украина (ВСУ) да го прекинат огнот во Донбас од 1 април, соопштува „Интерфакс-Украина“.

„Им ги дадов сите неопходни команди на Генералштабот и на министерот за одбрана“, ги цитира агенцијата зборовите на Порошенко. Според него, воспоставувањето на режимот на прекин на огнот од април било предложено од Киев.

Еден ден претходно претставникот на Русија во трилатералната контакт-група во Минск Борис Гризлов соопшти дека членовите на групата договориле прекин на огнот на југоистокот на Украина од 1 април.

„Несомнено позитивно е договорената денес изјава на контакт-групата. Во неа се истакнува безалтернативноста на „Минската спогодба“ и е искажана решеност да се почитува целосниот прекин на огнот од полноќ на 1 април 2017 година поради Велигденските празници“, изјави Гризлов, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња