Сенатот на САД го одобри зачленувањето на Црна Гора во НАТО

Американските сенатори го ратификуваа протоколот за стапување на Црна Гора во НАТО.

За членство на Црна Гора во НАТО се изјаснија 97 сенатори, двајца беа против, а еден не гласаше, пренесува „Взгљад“.

Против ратификацијата истапи сенаторот Ренд Пол кој изјави: „Доколку Украина и Грузија беа членки на НАТО, денеска ќе се најдовме вовлечени во светска војна со Русија. Едно е јасно – Русија секогаш ќе биде повеќе загрижена за овие земји од нас“.

Минатата недела командантот на силите на САД во Европа и командант на Здружените Вооружени сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти изјави дека стапувањето на Црна Гора во Алијансата е „апсолутно критично“.

Црна Гора смета дека на наредниот самит на НАТО во мај ќе биде зачленета во Северноатлантската алијанса.

Притоа значителен дел од населението на земјата се залага против членството во НАТО – анкетите покажуваат дека бројот на оние кои се плашат од Алијансата е поголем од оние кои ја поддржуваат (29% наспроти 21%).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња