Трамп предлага да се истражат врските на Клинтон со Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп негира дека е поврзан со Москва и истовремено ги обвинува Хилари Клинтон и нејзиното опкружување за врски со Русија.

Претседателот на САД Доналд Трамп му предложи на комитетот за разузнавање на претставничкиот дом да ги истражи врските на поранешниот државен секретар Хилари Клинтон и редица функционери од Демократската партија. Ова американскиот лидер го напиша на својот профил на „Твитер“.

„Зошто комитетот не сака да ја провери зделката на Бил и Хилари, која овозможи значителен дек од уранот да отиде во РФ, организираното „ресетирање“ од Хилари и нејзините пофалби за Русија, како и руската компанија на Џон Подеста (шефот на предизборниот штаб на Хилари Клинтон)“, напиша американскиот лидер. Тој додаде дека „приказната за врските на Трамп со Русија е лага“.

На 20 март директорот на ФБИ Џејмс Коми изјави дека специјалните служби на САД ќе ги истражат информациите за врските на Трамп со Москва и наводната вмешаност на Русија во американските избори.

Во февруари Трамп ја обвини Клинтон за давање на 20 проценти од американскиот уран на Русија. Покрај тоа, тој во август 2016 година го обвини нејзиното опкружување за контакти со руски организации. Републиканецот, на пример, изјави дека братот на Џон Подеста наводно „ставил в џеб 180 илјади долари од компанијата Uranium One“.

Uranium One е канадска компанија за ископување на уран, која поседува фирми во Австралија, Канада, Казахстан, ЈАР и САД. Во јануари руската државна корпорација „Росатом“ ги купи сите акции на организацијата, пишува „Лента.ру“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња