„Ди Велт“: Русија – каде и да погледнеш, насекаде тенкови

Москва упорно се држи за изгубениот советски идентитет, пишува „Ди Велт“. Како што истакнува германското издание, во Русија „насекаде има воен култ и поп-патриотизам“, како и „тенкови, пиштоли – и Путин“.

„Мавтајќи со автоматски пушки „Калашников“, децата организираат лов во просториите на московскиот музеј на Големата татковинска војна. По нив трчаат, насмеани, и нивните родители. Во фоајето – полни со оружје-играчки се витрините, на децата да не им стане здодевно во музејот“, пишува „Ди Велт“.

Станува збор за најпосетениот музеј во главниот град на Русија, кој „ја  слави воената наука и во кој странските туристи ретко наминуваат“, објаснува германското издание. „Секој Русин знае за него. Порака: Русите не изгубиле ниедна војна“, продолжува „Ди Велт“.

„Насекаде пукаат. На ѕидовите и на тапетите. Тоа беше чудно, раздразнуваше“, ги споделува своите впечатоци од посетата на музејот берлинскиот фотограф Сандра Ратковиќ. Со помош на фотографијата таа се обидува да покаже „колку многу од Советскиот Сојуз сѐ уште може да се најде во денешна Москва“. Ратковиќ е импресионирана од тоа со каква упорност во Русија се држат за „изгубениот идентитет“, истакнува изднието.

„Насекаде воен култ и поп-патриотизам, кој има свои корени уште во детска градинка. Таму децата цртаат цвеќиња и слично. Тие прават од папие-маше мали тенкови – сини, тиркизни, а понекогаш и розови. Оној кој има најдолга топовска цевка, се изложува. На автодромите децата седат во мали тенкови. Оградите се направени од маскирна мрежа. Декорирани топови на панаѓурите. Во Серускиот изложбен центар, во кој исто така не наминува ниту еден западен турист, штотуку венчани парови со задоволство позираат на позадина од ракети“, пишува „Ди Велт“.

„Уште и апсурдните сувенирници“, потенцира Ратковиќ. „Насекаде тенкови, пиштоли – и Путин“, додава германското издание, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња