Лавров: реакцијата на Западот зборува за двојни стандарди

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека реакцијата на Западот за приведувањата во текот на несанкционираниот митинг во Москва кој се одржа на 26 март. Според шефот на руската дипломатија, реакцијата на Западот зборува за двојни стандарди.

„Кога исти настани предизвикаат различна реакција, веројатно повторно ми текнува на истите двојни стандарди. Јас не се сеќавам дека некој беше загрижен за одлуките кои не толку одамна беа донесени во Германија, Холандија, Австрија, каде што властите забранија одржување на одредени митинзи“, изјави Лавров, пренесува RT.

Тој исто така потсети како во европските земји и во САД полицијата се однесува спрема прекршителите кои одат по некоординирани маршрути. Според него, таму се употребуваат пендреци и солзавец. Шефот на МНР на Русија исто така потсети на приведувањето на репортерската екипа на RT во Вашингтон.

„И нашите новинари запаѓаа во такви ситуации, како што беше со репортерската екипа на RT минатата есен во САД кога тие се обидуваа да известуваат од нередите во врска со некои демонстрации“, изјави Лавров.

Претходно Европската унија ги повика руските власти да ги ослободат сите приведени учесници на одржаните во неделата во Русија несанкционирани акции.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња