Зјуганов објасни зошто Западот ја мрази Русија

Лидерот на Комунистичката партија на РФ Генадиј Зјуганов ги гледа изворите на омразата на Европа кон Русија во расколот на христијанството во XI век.

„Во Европа омразата спрема Русија постоела со векови, а нејзините идејни извори треба да се бараат во расколот на христијанството на католичка и православна црква“, изјави Зјуганов, говорејќи на пленумот на КПРФ, посветен на борбата со антисоветизмот и русофобијата, пренесува РИА „Новости“.

Претходно, зборувајќи за претстојниот пленум, лидерот на комунистите повика „да им се даде отпор на сите русофоби и антисоветчици кои исползија од сите дупки“. Според него, токму русофобијата и антисоветизмот беа причина за распадот на СССР, а сега ѝ се закануваат на Русија.

Со слични изјави Зјуганов настапува постојано. На почетокот на 2016 година тој повика да се донесе официјална резолуција „против русофобијата и антисоветизмот“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња